Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 27 санкции за прекршоци што ги прават возачите за мотоцикл.
Изречени се четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, три санкции за користење на мобилен телефон, четири мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.