Израелски воени авиони синоќа бомбардираа цели во близина на сирискиот главен град Дамаск, при што загинаа двајца војници, јави официјалната сириска арапска новинска агенција (САНА).
Израелските одбранбени сили (ИДФ) гаѓаа цели во близина на сирискиот главен град Дамаск. Во нападот се ранети двајца сириски војници. Најмалку една експлозија е потврдена на периферијата на Дамаск.
Според сириската новинска агенција САНА, некои ракети биле пресретнати, но ударите предизвикале одредена штета, иако не прецизирала кои се целите.
Воен извор во изјава за САНА рече дека „околу 00:30 часот, израелскиот непријател изврши воздушна агресија со бранови ракети од североисточниот правец на Тиберијското Езеро, гаѓајќи некои локации во близина на градот Дамаск, а нашата противвоздушна одбрана пресретна непријателски проектили и собори голем број од нив“.
Во еден од последните израелски напади врз Сирија, беше погодена клучната радарска база на сириската армија во јужната провинција Сувејда. Неколку часа по нападот, израелската војска фрлила заканувачки летоци во областа, предупредувајќи ги сириските војници да не соработуваат со Иран.