Израел луто реагираше откако рускиот министер за надворешни работи изјави дека нацистичкиот лидер Адолф Хитлер има „еврејска крв“.
Шефот на израелската дипломатија Јаир Лапид денеска изјави дека Израел ги прави сите можни напори да има добри односи со Русија, но дека има граница и дека оваа граница овојпат е помината.
„Руската влада мора да ни се извини нам и на еврејскиот народ“, рече Лапид, откако ја критикуваше Русија за „непростливите“ изјави на неговиот руски колега Сергеј Лавров за нацизмот и антисемитизмот, вклучително и тврдењата дека Адолф Хитлер бил Евреин.
Поради ваквите изјави, во кои Евреите се обвинуваат за сопственото убиство во Холокаустот, рускиот амбасадор во Тел Авив беше повикан на интервју во израелското Министерство за надворешни работи во Ерусалим да ја „разјасни ситуацијата“ и побара извинување.
Коментарите предизвикаа осуда низ политичкиот спектар во Израел. Џерусалим пост во еден текст наведува дека тоа значи дека Израел повеќе не може да биде неутрален по прашањето за војната во Украина.