Доколку Русија и Путин го направеа ова цел свет ќе беше на нозе, дали украинците се повеќе луѓе од населението во Газа. Зарем секој човечки живот не вреди исто, зарем не треба да му се каже стоп на Израел???
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Питер Лернер денеска изјави дека израелскиот напад врз бегалскиот камп Џабалија во Газа е воено неопходен и дека тоа е легитимна цел со оглед на тоа што командантот на Хамас е таму.
„Знаеме дека тој е озлогласен терорист“, изјави Лернер за Си-Ен-Ен, мислејќи на Ибрахим Бијари, за кој ИД рече дека е убиен во нападот и го опиша како еден од командантите на Хамас одговорен за нападот врз Израел на 7 октомври.
Според него, Бијари повторно би го направил тоа доколку му се укаже шанса.
„Постои јасна воена потреба. „Кога имате терорист, озлогласен терорист, опкружен со десетици негови поддржувачи, кои планираат да извршат повеќе напади, тогаш тие се легитимна цел“, истакна Лернер.
Портпаролот на Хамас негираше дека Бијари бил таму, велејќи дека израелскиот напад е „гнасно злосторство врз цивили, деца и жени“.
Десетици луѓе загинаа во нападот на кампот Џабалија.