Во постапката за набавка на софтвери осомничени се 4 лици од кои за секретарот Рашкоски и за Станчев се бара мерка притвор од страна на ОЈО заради можност за нивно евентуално бегство.
Поспката која ја води основното јавно обвинителство е за набавка на софтвери за МВР кој што Мвр не ги користи а за кој што осомничените се товарат за злоупотреба на службената позиција.Рашкоски ги набавил софтверите по цена од 80.000 евра пред да бидат тестирани а тие биле патентирани од негова страна исто така набавката се направила пред да се провери функционалноста на истите.
Рашкоски и Станчев се веќе приведени и даваат искази за софтверите во кривичниот суд.