Најмалку 88 политичари се убиени во последните девет месеци во нападите на нарко-картелите во Мексико.

Според локалните медиуми, во извештајот објавен пред федералните избори во Мексико овој месец, се наведува дека организирани криминални групи убиле 88 политичари во последните девет месеци, пренесе агенцијата Анадолија.

Во извештајот се вели дека заканите и уцените кон градоначалниците, парламентарците и кандидатите се зголемени пред федералните избори, закажани за шест дена, па затоа беше истакнато дека мерките за безбедност на државата се покажаа како недоволни.

Чивава, Веракруз и Канкун се најопасните места за политичарите.

Здружението на локалните власти на Мексико во март објави дека меѓу 2006 и 2020 година, нарко картелите убиле 192 градоначалници во Мексико.

Погребот на Абела Миријете,кандидат за градоначалник во општината Сонори

Foto: EPA-EFE/Daniel Sanchez

By Author