Денес 17.10.2021год. во 07,00часот започнаа локалните избори во Македонија.
За прв пат во Македонија се користи биометриски апарат, односно се гласа со отпечаток од прст. Како за прв пат нормално е дека има е проблеми, во некој општини дел од биометриските апарати не работат. Па така поради технички причини во дел од избирачките места гласањето било прекинато со цел да се сменат биометриските апаратите и гласањето ќе продолжи за толку време колку што ќе биде во прекин. Додека во Штип, поточно во избирачкото место Славчо Стојменски се жалат на изборни нерегуларности, односно претседателката на избирачката комисијата во текот на вчерашниот ден пријавила дека во помал периметар од 100м. има рекламен билборд поставен на политичка партија и истите се соочуваат со уште еден проблем во едно од гласачките места запишани во систем биле 931 гласач, а истите на почеток на гласањето имале 928ливчиња што е разлика од три ливчиња, па претседателката изјави дека стравува од изборни нерегуларности и можно прекинување и поништување на гласањето на ова избирачко место.