„АД ЕСМ вчера целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети.Како што информира владината прес-служба, АД ЕСМ вчера произведе 12.260 мегават часови електрична енергија.-Во Термоелектраните произведени се 7.845 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.415 мегават часови електрична енергија“, се наведува во соопштението од Владата.

Вчера владата испадна со соопштение за тоа како ЕСМ во целос ги задоволува потребите на домашниот пазар. Граѓаните гледајки ѓи сметките што ѓи испорачува ЕСМ веќе имаат страв да се доближат на апаратите за домакинство.

Дали е нормално во држава каде минималната плата е 18 000 денари да плаќате сметка за струја повеќе од една третина од личниот доход.

By Author