На јапонскиот остров Кјушу денеска околу 20:05 часот по локално време еруптираше вулканот Сакураџима, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА).
Предупредувањето за ерупција е подигнато на петтото, највисоко ниво, а жителите на одредени области биле советувани да се евакуираат, јави телевизијата НХК, пренесува Ројтерс.
Според пишувањата на јапонските медиуми, засега не е причинета материјална штета.
NHK објави дека вулкански карпи паѓаат на оддалеченост од 2,5 километри од вулканот.
Снимката покажува нешто што изгледа како црвена маса која тече на едната страна од вулканот и чад.
Сакураџима е еден од најактивните вулкани во Јапонија.