Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неодамнешното тестирање на турска балистичка ракета ја исплаши Атина и рече дека Анкара нема да седи со скрстени раце доколку Грција продолжи да ги милитаризира своите острови во Егејското Море.

– Сега почнавме да ги правиме нашите ракети, а оваа производство ги исплаши Грците. Велите „тајфун“ и тие се плашат, велат дека може да ја погоди Атина. Да, секако дека може да погоди. Ако не останете смирени, ако се обидете да го поставите оружјето што го добивте од САД на островите, и може – предупреди Ердоган, пренесува Анадолија.

Тој додаде дека „земја како Турција сигурно нема да седи со скрстени раце“ и дека „ќе мора да направи нешто“.

Турција во октомври тестираше балистичка ракета со краток дострел од домашно производство „Тајфун“ над Црното Море, која, како што е соопштено, може да погоди цел на растојание од 560 километри за 456 секунди.

Анкара е вознемирена од она што го опишува како зголеменото трупање на грчката армија на островите во близина на нејзиниот брег, но и од воената поддршка што Грција ја добива од САД, според Анадолија.

By Author