Експлозија во преполн ресторан во северозападен Багдад уби три лица и рани 16, соопштија ирачките здравствени власти.

Армијата соопшти дека причина за несреќата што се случи во четвртокот е боца со гас што експлодирала во ресторан во населбата Кадимија во Багдад, во близина на светилиштето во кое е погребан имамот Муса ал Казим, пренесува АП .

Во извештаите се наведени три жртви и повеќе повредени во несреќата, а двајца здравствени службеници, под услов на анонимност, соопштија дека некои од нив се во критична состојба.

Асошиејтед прес додава дека експлозиите во ирачката престолнина порано биле скоро секојдневни, но и дека тие се зачестиле во последните неколку години, особено по поразот на Исламската држава во 2017 година.

By Admin