Најмалку две лица загинаа, а девет се водат за исчезнати во експлозија во фабрика за чоколади во американската сојузна држава Пенсилванија, соопштија денеска локалните власти.

Уште неколку лица се повредени во експлозијата кај „Р. М. Палмер“ што се случи во петокот, рече началникот на полицијата на околијата Западна Ридинг, Вејн Холбен, без да го прецизира точниот број на повредени.

https://twitter.com/KadhimWrites/status/1639400926233473024?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1639400926233473024%7Ctwgr%5Ed36591dad5f5f395a8b4a485a5f5616b3463a28c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Feksplozija-u-americkoj-fabrici-cokolade-dve-osobe-poginule-najmanje-devetoro-nestalih%2F

Причината за експлозијата е под истрага, изјави Холден за новинарите.

Осум лица се пренесени во болницата Рединг во петокот вечерта, а пет се задржани на лекување, изјави портпаролката на болницата Џесика Безлер, пренесува Телеграф.

Експлозијата, која се случила нешто пред 17 часот, уништила една зграда и ја оштетила соседната зграда со станови, пренесе АП.

Градоначалничката на околијата Вест Ридинг, Саманта Каг, рече дека експлозијата била толку силна што ја поместила зградата надвор од фабриката, во која се сместени црквата и становите, за околу 10 сантиметри.

Некои жители се раселени од оштетената станбена зграда, изјави градскиот управител, пренесува Танјуг.

На веб-страницата на фабриката за чоколади пишува дека таа работи од 1948 година и сега има 850 вработени во нејзиното седиште во Вест Ридинг.

By Author