Интересно прво полувреме гледавме на натпреварот Македонија-Црна Гора иако го отворивме лошо со неколку лошо завршени напади и резултатска негатива сепак подмладениот тим на Македонија повторно покажа дека може да се надигрува со секој.На голот расположениот Мартин Томовски не дозволи да дојде до коплапс по почетните 0-3 Македонија почна да се враќа со 3те гола на Мартин Серафимов со што им се доближивме на 3-5.Репрезентацијата на Црна гора сепак не дозволи да дојде до израмнување па со расположениот за голови Вујовиќ стигна до 5 гола разлика кога и за прв пат денес влезе нашиот Филип Миркуловски кој секогаш знаел да решава во течки ситуации па со два од два гола ги разбуди нашите ракометари кај нас најрасположен е Велковски со 4 гола а го следи изненадувањето од Еурофарм Пелистер 2 Кузмановски со 3 гола.
Македонската репрезентација доби хендикеп со тоа што денес ќе го нема и Стоилов кој е душата и срцето на Македонската репрезентација но среќна околност е враќањето на Никола Митревски кои сигурно ќе и помогне на нашата репрезентација во овој натпревар.
Нас ни останува да гледаме утакмица која ќе биде крајно возбудлива и со неизвесен исход но после се најбитно е дека овие деца имаат срце и да шутираат и со цело срце играат за Македонија.