Се би било идеално и би можело да делуваат саннкциите кон Русија, руската нафта да се бојкотира ако остатокот од светот ја продава по пониски цени а не тие да профитираат на сметка на војната во Украина

Индонезискиот претседател Џоко Видодо изјави денеска дека размислува да им се придружи на Индија и Кина во купувањето руска нафта со цел да го намали зголемениот притисок врз цените на енергијата, објави „Ројтерс“ денеска „Фајненшл тајмс“.

– Секогаш ги следиме сите опции. Ако има земја која ќе даде подобра цена, зошто да не – изјави Видодо во интервју за лондонски весник, на прашањето дали Џакарта би купувала нафта од Русија.

На почетокот на овој месец, Видодо ги зголеми субвенционираните цени на горивото за 30 отсто и рече дека зголемувањето на цената е неговата „последна опција“ поради фискалните притисоци, што предизвика протести низ целата земја со 270 милиони луѓе.

Сепак, секој потег за купување руска сурова нафта по цени над оние договорени од земјите од Г7 може да ја подложи Индонезија на американски санкции.

By Author