Дрвен мост на река во јужна Норвешка, отворен во 2012 година, се урна рано утринава, при што еден автомобил паднал во водата, а камион се заглавил, но возачите на двете возила се спасени и се добро, пренесува АП.

Полицијата за инцидентот била известена утрово нешто по 7:30 часот.

Хеликоптер помогнал во спасувачката операција и го извлекол возачот на камионот, соопшти полицијата, додека возачот на автомобилот можел сам да излезе од возилото.

Мостот долг 150 метри го поврзува западниот брег на реката Гудбрандсдалслаген и селото Третен.

Засега не е позната причината за уривањето на мостот.

By Author