Оваа година Норвешка стана најголемиот снабдувач на гас во Европа
– Норвешкиот систем за извоз на гас треба да испорача рекордни количества од оваа енергија во Европа оваа година и ќе настојува да испорача значителни количини гас и во наредните години – изјави извршниот директор на операторот на норвешкиот гасоводен систем „Гаско“. Фроде Леверсунд.
– Летово испорачавме количество гас што вообичаено би го испорачувале во зимските месеци – изјави Леверсунд за Ројтерс.
Тој додаде дека Гаско во септември ќе изврши планирано одржување што ќе го намали капацитетот, но на 1 октомври системот „ќе биде подготвен за почетокот на зимата“.
Норвешка стана најголем снабдувач на гас во Европа оваа година, престигнувајќи ја Русија дури и пред минатонеделното затворање на гасоводот Северен тек 1, според податоците на Refinitiv Eicon, според Ројтерс.
Системот „Гаско“ ги снабдува со гас Велика Британија, Германија, Белгија и Франција, а годинава компанијата го одложи редовното летно одржување за да обезбеди испораки, со оглед на намалените количества на овој енергенс од Русија.
Претставникот на Гаспром, инаку, денеска изјави дека „снабдувањето од гасоводот Северен тек 1 нема да биде обновено додека Сименс не ја поправи турбината“.
– Треба да го прашате Сименс, прво треба да ја поправат опремата – накратко изјави за Ројтерс Виталиј Маркелов, заменик извршен директор на Газпром.