Треба да се биде борец во животот. Не, не можам, не знам. Само сакам, можам и морам!
ОВЕН
Работа: Не би требало да има посериозни проблеми, но типичниот Овен денес некои соработници можат да го забават. Не дозволувајте да се нервирате непотребно поради тоа, ќе ставите крај на сето тоа.
Љубов: Ништо не е совршено, дури ни вие. Затоа обидете се да ја елиминирате негативната енергија и погледнете на животот од подобра, посветла страна.
Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација.
БИК
Работа: Чекор по чекор одете кон својата цел и резултатите нема да изостанат. Не дозволувајте некој да ве поколеба во вашите искрени намери.
Љубов: За слободните Бикови, љубовното минато може да ви затропа на врата, но сега дефинитивно не е време да го вратите назад.
Здравје: Спијте доволно.
БИЛИЗНАЦИ
Работа: Пазете се од недефинирани и нецелосни информации од соработниците. Ќе биде доволно да се почитувате себеси и да проверите сè неколку пати пред да одлучите.
Љубов: Што се однесува до она што се случува на полето на љубовните врски, за очекување е денот да помине во прилично мирен и опуштен ритам, кој ќе ви одговара.
Здравје: Поминувајте повеќе време на отворено.
РАК
Работа: Просечен работен ден со стандарден обем на работа е пред повеќето луѓе родени со Рак. Она за што треба да се грижите е да не згрешите некаде.
Љубов: Поголема релаксација оваа среда би ви одговарала. Од вас во голема мера зависи дали ќе успеете во тоа.
Здравје: Сосема солидно.
ЛАВ
Работа: Потребна ви е поддршка и добра организација, па не двоумете се да ја побарате од соработници од доверба.
Љубов: Драга личност ќе се погрижи да не ви биде досадно во љубовната сфера во текот на оваа среда и можете да уживате.
Здравје: Проверете го крвниот притисок.
ДЕВИЦА
Работа: Ако треба да донесете некои одлуки, доколку можете, одложете ги да започнат следната недела.
Љубов: Исполнете го денот со работи што сакате да ги правите и вистински уживате. И не дозволувајте некој да ви наметнува ништо.
Здравје: Одлично.
ВАГА
Работа: Не обидувајте се да ги приспособите другите на вашите потреби и намери. Потпрете се на себе и на сопствените сили.
Љубов: Многу мали причини за нервоза ќе придонесат да немате доволно трпение и разбирање за суптилни постапки во љубовта во текот на овој ден. Барем бидете отворени и разговарајте за тоа.
Здравје: Можни се повремени падови на енергија.
ШКОРПИЈА
Работа: Не го игнорирајте фактот дека вашата енергија сега е доста силна, само треба да ја насочите кон вистинската цел. Имате одлични можности да се фокусирате на конкретна реализација на некои долго планирани деловни проекти.
Љубов: Покажете ги своите чувства кон саканата личност без воздржување. Важно е да се биде отворен и да се изгради заедничка основа за иднината.
Здравје: Зголемен стрес, напнатост.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Бидете флексибилни во секој договор и не си поставувајте рокови кои не сте сигурни дека можете да ги исполните.
Љубов: Внимателно анализирајте го однесувањето на саканата личност и ќе дојдете до заклучок што да правите. Подобро е навреме да избалансирате се што ве мачи.
Здравје: Се уште се можни стомачни проблеми.
ЈАРЕЦ
Работа: Ваше е да поставите основи за нова работа која е многу понапорна од она што сте го работеле досега. Многу е важно да бидете во тек за да не западнете во неволја со кратки рокови.
Љубов: Оваа среда ве очекува претежно мирно море од љубов, без позначајни настани и промени во однос на претходната.
Здравје: Растоварете го полето на психата.
ВОДОЛИЈА
Работа: Повеќето водолии ќе имаат одличен работен ден, особено на полето на организација на работата и потврда дека се на вистинскиот пат до професионалниот успех. Само напред.
Љубов: Уживајте во релаксирачки и интересни моменти и дружење со саканата личност и организирајте посета на пријател. Ќе уживате во друштво.
Здравје: Внимавајте на редовна и правилна исхрана.
РИБИ
Работа: Ќе ви треба помош во текот на овој ден бидејќи може да дојде до проблем со кој не се соочувате првпат. Нема причина за грижа – се може да се реши, само бидете трпеливи.
Љубов: Имате голема потреба за опуштање, затоа бидете иницијатор за позитивни настани. Прошетајте заедно, излезете на кафе, разговарајте.
Здравје: Многу добро.