„Нема ништо полошо од агресивната глупост“ – Гете.

ОВЕН
Работа:
Повеќето Овнови очекуваат малку поопуштено темпо кога станува збор за извршување на основните обврски.

Љубов: Ве очекува опуштен ден и на љубовен план, без навестување на капитални промени.

Здравје: Спијте доволно.

БИК
Работа:
Искористете го поволен момент за да пласирате некои од вашите нови идеи, кои би можеле да донесат големи професионални придобивки во блиска иднина.

Љубов: Најпрво преиспитајте се себеси и своите желби, пред да се одлучите за конкретни чекори, поврзани со личноста која неодамна ја запознавте и за која размислувате.

Здравје: Многу добро.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Освен ако не е апсолутно неопходно, не би било лошо да се повлечете и да работите во сенка.

Љубов: Бидете иницијатор на интересен предлог, искористете ја фантазијата и изненадете ја саканата личност.

Здравје: Многу добро.

РАК
Работа:
Обидете се да ставите крај на некои зделки на најдобар можен начин. Ова е денот кога би можеле да презентирате некои од вашите идеи за промена.

Љубов: Раковите би можеле да покажат малку поголема иницијатива отколку обично, за да избегнат поголемо незадоволство од другата страна.

Здравје: Сосема задоволително.

ЛАВ
Работа:
Пазете се од непрецизни договори или лошо дизајнирани цели што се однесува до роковите. Прегледајте го распоредот за да бидете сигурни дека ништо не останува недовршено.

Љубов: Треба да се занимавате со опашки од љубовното минато, и да се свртите кон иднината кога е во прашање емотивната сфера.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА
Работа:
На Девиците им претстои опуштен работен ден без навестувања за некакви комплицирани ситуации, за да можат со многу ентузијазам и позитивна енергија да се посветат на сите деловни задачи.

Љубов: Ве очекува одличен ден во љубовната сфера. Уживајте во заедничките моменти со саканата личност, фантазирајте, сонувајте и пред се бидете максимално опуштени.

Здравје: Одлично.

ВАГА
Работа:
Овој четврток Вагите би можеле да очекуваат многу состаноци, купишта хартии и информации. Нема голема работа, со добра организација ќе стигнете до таму.

Љубов: Вашето расположение зависи од исходот на овој ден кога се работи за љубовни настани.

Здравје: Многу добро.

ШКОРПИЈА
Работа:
Многу добар ден се прогнозира за Шкорпиите, каде би можеле да ве чекаат нови деловни зделки и евентуално нови колеги.

Љубов: Заедничките моменти треба да минуваат безгрижно и опуштено, потрудете се тоа да трае.

Здравје: Би сакале некаква релаксација.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Стрелците на овој ден ги очекуваат обемни и многу сериозни деловни задачи, за чие успешно извршување ќе треба да ги комбинирате сите расположливи ресурси, физички и психички.

Љубов: Многу работи зависат од вас, па затоа треба да посветите малку повеќе труд и енергија на саканата личност и да се обидете да ги ублажите потенцијалните несогласувања.

Здравје: Спијте доволно.

ЈАРЕЦ
Работа:
Јарците би можеле да ги очекуваат многу комуникација и со постојаните и со новите соработници.

Љубов: Може да очекувате многу убав ден и на љубовен план доколку на вашата сакана личност и посветите доволно внимание и разбирање.

Здравје: Одлично.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Водолиите треба да продолжат во својот ритам кога е работата во прашање. Нагласени се паричните трансакции, внимавајте на невидливите трошоци.

Љубов: Многу е можно некој близок да ве изненади со убав подарок. Ќе бидете задоволни од вниманието што тој несебично ви го дава.

Здравје: Можна чувствителност на грлото.

РИБА
Работа:
Претпоставените би можеле да бидат многу захтевни, па ќе мора да го покажете вашиот сериозен и професионален пристап во решавањето на најтешките ситуации.

Љубов: Денот е поволен за нови познанства, флерт, неформални разговори и теми и опуштена приказна без некои поголеми очекувања.

Здравје: Одлично.

By Author