Најдобар начин да започнете нешто е да престанете да зборувате за тоа и да преземете акција.

ОВЕН
Работа: Проверете неколку пати, доколку е потребно, дали сте завршиле се од претходниот период, за да избегнете поголемо одложување според веќе договорените планови.

Љубов: Не давајте лесни ветувања, кои можеби не сте подготвени да ги исполните во овој момент. Држете се до вашите воспоставени принципи и методи.

Здравје: Спијте доволно.

БИК
Работа: Овој четврток нема непремостливи пречки за повеќето Бикови кога е работата во прашање. Време е да се стави крај на претходниот деловен циклус и да се справите со новите планови.

Љубов: Иако можеби сакате многу повеќе на љубовно поле, бидете подготвени да направите некои отстапки на саканата личност.

Здравје: Многу добро.

БЛИЗНАЦИ
Работа: Близнаците денеска очекуваат малку помала тензија на работното поле, па сите обврски ги завршувате навреме без поголеми пречки.

Љубов: Најдобар начин да ја решите збунувачката ситуација на љубовен план е искрен и трпелив разговор со саканата личност.

Здравје: Освен напнатоста, нема некои значајни предупредувања.

РАК
Работа: Ракот го очекува многу напорен ден, особено поради дополнителните обврски каде ќе ви треба подобра организација. Не грижете се, ќе успеете да истуркате сè на задоволително ниво.

Љубов: Личност која покажува интерес нема да се откаже од вас.

Здравје: Хранете се здраво, внесувајте повеќе витамини.

ЛАВ
Работа: Поволен ден за секакви комуникации и деловни контакти, пред се доколку имате на ум почеток на нов бизнис.

Љубов: Вашето срце би можело да го заинтригира појавата на многу помлада личност на љубовниот хоризонт овој ден. Можен е и нов љубовен почеток. Уживајте.

Здравје: Можни мали кардиоваскуларни проблеми.

ДЕВИЦА
Работа: Околностите нема да им дозволат на Девиците да се опуштат, дури и кога се во прашање најосновните деловни обврски. Без страв, справувајте се со предизвиците напред.

Љубов: Нема предизвици на вашето љубовно поле. Бидете искрени и со отворено срце и нема причина да не бидете задоволни.

Здравје: Многу добро.

ВАГА
Работа: Зголемениот обем на обврски ќе бара дополнителна реорганизација од Вага. Не двоумете се да побарате помош од доверлив соработник.

Љубов: Бидете јасни и конкретни во искажувањето на вашите љубовни ставови – што и како сакате. Се очекува поддршката од другата страна.

Здравје: Пазете се од настинки.

ШКОРПИЈА
Работа: Променетите деловни околности не треба да ве загрижуваат премногу, обидете се да дадете максимален придонес и да го фатите вашиот ритам на работа.

Љубов: Многу ви е важно вниманието и разбирањето на саканата личност, па еве го денот кога би можеле да му се препуштите на тоа убаво чувство.

Здравје: Можни помали стомачни проблеми.

СТРЕЛЕЦ
Работа: Денес Стрелците ги очекуваат многу предизвици. Нешто поради преоптоварување со обврски, нешто поради делумна расеаност на неколку страни, не би било лошо да побарате помош од блиски соработници.

Љубов: Добра атмосфера е за секакви неврзани муабети и убава и опуштена комуникација. За нешто посериозно, бидете трпеливи.

Здравје: Чувство на замор, исцрпеност.

ЈАРЕЦ
Работа: Јарците очекуваат максимална ангажираност овој четврток. Не се нервирајте ако другите соработници не успеат да го одржат вашиот ритам, работете на евентуално намалување на критериумите.

Љубов: Нема значителни пресврти на вашето емотивно ниво. Не сте сосема во вашиот елемент и расположение.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

ВОДОЛИЈА
Работа: Некои бирократски проблеми би можеле да го расипат вашиот инаку добар почеток на денот. Ништо нема да постигнете набрзина.

Љубов: Средба со неодамна запознаена симпатија може да биде многу стимулативно за понатамошни чекори. Биди стрплив.

Здравје: Намален имунитет.

РИБИ
Работа: Малку збунетост во веќе направените прецизни планови денес може да ви донесе ненадејна промена на критериумите и главните деловни насоки, што не треба премногу да ве загрижува.

Љубов: Дружете се, разговарајте, обидете се подобро да се запознаете, но не е баш поволен момент за започнување на нови љубовни приказни.

Здравје: Зајакнете го имунитетот, пренесува Астропутник.

By Author