Подобро е да соработувате со луѓе кои сакаат нешто отколку со оние кои станале она што го сакале.
ОВЕН
Работа: Бидете упорни и истрајни во напорите за исполнување на обврските на ваш докажан начин, можен е зголемен притисок од страна. Бидете внимателни со финансиите.
Љубов: Денеска не е поволен ден за сериозни разговори и критикување на другата страна. Пробајте полесна и порелаксирана верзија.
Здравје: Напрегање на долниот дел на грбот.
БИК
Работа: Денеска не ве плаши зголемениот обем на обврски, ќе успеете се да завршите навреме и без поголеми проблеми.
Љубов: Би сакале одмор, патување. Ви треба релаксација.
Здравје: Можна е анемија и намален имунитет. Зголемете ја исхраната.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Сè е во ваши раце, само насочете ја својата енергија и знаење во вистинската насока, иако денес може да ви изгледа тешко, не се откажувајте, бидете упорни.
Љубов: Денешните планови најмногу ќе бидат насочени кон домашната варјанта, која и не е така лоша.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
РАК
Работа: Солидното темпо и правичната соработка треба да обезбедат задоволителни резултати за повеќето Ракови. Видливи се и некои нови видови на соработка во иднина или промени во кариерата.
Љубов: Немојте да се изненадите ако добиете потврда дека некој долго време е многу заинтересиран подобро да ве запознае. Не брзајте, оставете сè да си оди по својот тек.
Здравје: Можна хормонална нерамнотежа.
ЛАВ
Работа: Многу напорен работен ден е пред повеќето Лавови. Ќе имате доволно енергија и мотивација конечно да започнете некои долго планирани работи. Бидете упорни во вашите намери.
Љубов: Денеска ќе ви остане многу малку време за да се занимавате со љубовни теми, па би можеле да очекувате критики од другата страна.
Здравје: Можни стомачни проблеми, стомачни болки.
ДЕВИЦА
Работа: Организацијата би можела да биде на малку пониско ниво од очекуваното без разлика колку се трудите. Бидете трпеливи и се може да се постигне без проблеми.
Љубов: Би ви годело одмор, патување. Ви треба релаксација.
Здравје: Многу добро.
ВАГА
Работа: Бидете флексибилни во секој договор и не си поставувајте рокови кои не сте сигурни дека можете да ги исполните.
Љубов: На полето на љубовта некои работи не се и не можат да бидат под ваша контрола, или онака како што најмногу ви одговара. Можеби треба да размислите за намалување на вашите критериуми и очекувања.
Здравје: Многу добро.
ШКОРПИЈА
Работа: Многу добар ден во најава им претстои на Шкорпиите. Лесно стапувате во контакт со луѓе кои ви се важни во бизнисот, а можете и ќе започнете сосема нови приказни, можеби дури и со странски земји. Само напред.
Љубов: Многу убав ден треба да искористите за излегување или дружење со пријателите. Уживајте.
Здравје: Зајакнете го имунитетот.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Основното и најважното нешто на професионален план денес е под ваша контрола, а вашиот труд и напорната работа треба да дадат видливи резултати.
Љубов: Со форсирање на било што, и инсистирање на крути ставови, мали се шансите да свртите нешто важно во ваша корист.
Здравје: Чувствителност на коските, ревматски тегоби.
ЈАРЕЦ
Работа: Овој ден на Јарците им носи многу добри предиспозиции за деловни контакти и добра комуникација со деловното опкружување.
Љубов: Потрудете се да ја изненадите саканата личност со нешто убаво, околностите се поволни да ја подобрите вашата врска и да ја подигнете на повисоко ниво. Уживајте во секој момент поминат заедно.
Здравје: Можни осцилации на крвниот притисок.
Водолија
Работа: Работите си го земаат својот тек и можете да ги турнете во уште подобра насока на свој уникатен и пред се оригинален начин. Важно е само да ја прегледате секоја своја одлука пред да ја донесете, за да не избрзувате.
Љубов: Слободни Водолии, не задржувајте го она што го чувствувате во себе бидејќи во секој случај – емоциите ќе ви доаѓаат, полека, но сигурно.
Здравје: Внимавајте на исхраната.
РИБИ
Работа: Сите пречки на деловниот пат на Рибите денеска треба да се надминат без поголеми проблеми доколку се упорни и смирени пред се.
Љубов: Вашиот сакан бара повеќе внимание и посветеност, обидете се да му угодите, имате доволно причини.
Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми, пренесува Астропутник.