На крајот на краиштата, не се бројат годините во животот, туку животот во годините. Линколн

ОВЕН
Работа:
Динамичен, но и напорен ден ѓи очекува Овните кои ќе имаат чувство дека на обврските им нема крај, но и дека се се движи со побавно темпо отколку што се навикнати.

Љубов: Бидете трпеливи и не ги наметнувајте премногу директно своите ставови доколку сакате позитивни случувања во љубовниот живот.

Здравје: Осетливост на зглобовите.

БИК
Работа:
За Бикот нема непремостливи пречки на деловното патување оваа среда, најмногу компликации можете да си создадете сами на себе.

Љубов: Многу добри придружни околности најавуваат добар ден во љубовната сфера за повеќето Бикови без некоја особено голема посветеност. Уживајте.

Здравје: Одлично.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Обидете се да избегнете вербални конфликти со деловното опкружување поради можни доцнења во спроведувањето или одложување на некои важни договори.

Љубов: Најдобро би било ништо да не планирате, па затоа и вашите очекувања ќе бидат помали.

Здравје: Многу добро.

РАК
Работа:
Пред вас е солиден работен ден доколку се потрудите да ја покажете потребната количина на флексибилност, но и јасност и цврстина во одбраната на вашите ставови.

Љубов: Имате добар период да почнете да ги разјаснувате дилемите и да ги преиспитувате партнерските односи.

Здравје: Сосема солидно.

Лав
Работа: Иако ви претстои многу предизвикувачки ден, бидете мудри и внимателно проценете ги сите околности пред да почнете да се соочувате со потенцијални предизвици.

Љубов: Сигурно не е соодветен период за грандиозни и спектакуларни акции, но е за одржување на постоечката приказна на стабилно ниво.

Здравје: Потребен ви е квалитетен сон.

ДЕВИЦА
Работа
: Нема да ви биде од корист доколку се расејувате и преоптоварувате, бидејќи колку и прецизно да планирате сè, некои работи нема целосно да зависат од вас.

Љубов: Секакви иновации и љубовни експерименти не се пожелни, а ситните вербални недоразбирања секогаш може лесно да се испеглаат.

Здравје: Можна слаба циркулација.

ВАГА

Работа: Вагите очекуваат намален обем на обврски и оваа среда. Фокусирајте се на завршување на започнатите обврски, без форсирање и расеани на сите страни.

Љубов: Без некои значајни промени на вашиот љубовен хоризонт, најдобро би било иницијативата денес да ја препуштите на другата страна.

Здравје: Чувствителност на грлото.

ШКОРПИЈА
Работа: Можно е да ви се појави нова деловна понуда, па затоа советот е добро да размислите и ако е можно, да го одложите одговорот додека конечно не ги одмерите сите аргументи.

Љубов: Не форсирајте ништо, време е за лесни разговори и комуникација без големи обврски и очекувања.

Здравје: Обидете се да создадете рамнотежа помеѓу обврските и соодветен одмор.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
На Стрелците им претстои прилично мирен и опуштен ден, без поголеми проблеми да ги завршат сите планирани обврски.

Љубов: Важно е да останете свои и да не паднете во замката на избрзани одлуки.

Здравје: Можни алергиски реакции.

ЈАРЕЦ
Работа: Се очекува зголемен обем на работа за Јарците, ништо страшно, потребно е малку подобро да се организирате и порационално да ја распределите својата енергија.

Љубов: Потенцијалните вербални несогласувања треба да се трудите да ги измазнете на наједноставен можен начин, бидејќи немате вистински причини за незадоволство.

Здравје: Хроничните заболувања можат да предизвикаат мали здравствени проблеми.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Со добра организација и почитување на приоритетите, нема причина Водолиите да не стигнат до посакуваната цел, во спротивно ќе следи помал хаос, но и тоа може да се среди.

Љубов: Потрудете се да не пропуштите добра можност за квалитетна љубовна приказна со површен и несериозен пристап.

Здравје: Можна несоница.

РИБИ
Работа: Денес бројните обврски нема да ви бидат преголем товар, важно е само доволно добро да се организирате и да го поделите работен план на помали фази.

Љубов: Денес би можеле да очекувате потенцијално изненадување на полето на љубовните врски. Некој од пријателска средина ве набљудува подолго време.

Здравје: Бидете умерени во се, пренесува astroputnik.com.

By Author