Не се сеќаваме на деновите, се сеќаваме на моментите!

ОВЕН
Работа:
Имате поддршка од шефовите во однос на извршувањето на работата, но немате разбирање на личен план. Луѓето на позиции ќе имаат проблем со работниците. Доколку барате работа, прво ќе ја најдете во областа на финансиите, сметководството, осигурувањето.

Љубов: Вие сте полетни, расположени и зрачите со својата енергија, привлекувајќи луѓе од спротивниот пол. Денот е многу добар за флерт, познанства… Доколку сте во врска, ќе уживате во нежноста со партнерот.

Здравје: Водете грижа за крвниот притисок.

БИК
Работа:
Во текот на денот ќе имате многу обврски и може да бидете преоптоварени со работа, па затоа ви недостасува концентрација. Организирајте се малку подобро..
Ако не работите, вашите очекувања се нереални во моментов.

Љубов: Заљубувањето, спојувањето со партнерот и незаборавните моменти на страст и заедништво ќе турнат многу припадници на овој знак кон брак. Слободните девојки ќе најдат маж за сериозна врска.

Здравје: Нема поголеми проблеми, но водете грижа за исхраната.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Преведувачите, новинарите или луѓето кои спроведуваат некаков вид на обука сега можат да бараат работа. Одлично време е да размислите дали би можеле да се преориентирате на друга професија. Некои ќе ги напуштат своите работни места и ќе бараат подобро решение.

Љубов: До крајот на неделата ќе се чувствувате особено сентиментално. Ќе сакате да прославувате јубилеи и ќе ви треба многу љубов и наклонетост за да се чувствувате среќни. Тогаш ќе имате доволно енергија!

Здравје: Малку физичка активност не е на одмет, бидејќи тоа му е потребно на вашето тело. Може да имате помали проблеми со притисокот, што е последица на мрсната храна што ја консумирате. Почнете да се грижите за исхраната и олеснете му на телото да се справи со она што му се заканува.

РАК
Работа:
Се што е поврзано со работата сега треба да се стави крај. Не дозволувајте да оставите зад себе никакви опашки и недовршени работи. Иако ќе бидете незадоволни, работите ќе тргнат по својот пат и покрај ситуацијата која ве мачи. Подгответе се и да инвестирате финансиски средства.

Љубов: Во љубовта сте исклучително страсни и харизматични. Ќе и дадете до знаење на симпатијата дека сте заинтересирани. Ќе има повеќе среќни моменти во бракот. Заземете решителен став, отфрлете ги негативните мисли и фокусирајте се на најважните задачи.

Здравје: Полни сте со енергија и едноставно пукате од здравје. Ако навистина дојде до мала настинка, таа ќе биде занемарлива, бидејќи ќе помине без температура и компликации. Ако сте спортист, ќе имате дополнителна енергија за да ги издржите сите напори кои се пред вас.

ЛАВ
Работа:
Проверете ја документацијата, бидејќи можеби плаќате за нешто што не постои. Загубата не е голема, но е непотребна. Доколку имате намера да започнете бизнис, барате кредит. Прочитајте ја апсолутно секоја ставка напишана со ситни букви.

Љубов: Ќе имате среќа во љубовта, со малку труд ќе ја зајакнете љубовта. Доколку сте слободни, не е исклучена нова љубов онаму каде што најмалку очекувате.

Здравје: Посветете се на зачувување на вашето здравје, работете постојано на превенција. Грижете се за зглобовите и коските. Потребна ви е физичка активност.

ДЕВИЦА
Работа:
Паралелниот извор на приход може да се покаже како многу важен, бидејќи во основа немате поим што трошите или каде го трошите. Ако водите приватен бизнис, очекувајте инспекции, па средете си ги документите. Ќе бидете сконцентрирани на себе и на решавањето на прашањата за егзистенција.

Љубов: Среќните љубовници ќе размислуваат за заедничкиот живот. Ви претстои големи животни одлуки, некои од нив ќе го планираат и своето потомство. Слободните девојки можат да запознаат шармантен дечко.

Здравје: Поради нервоза дигестивни проблеми.

ВАГА
Работа:
Ќе мора да решите се што не сте решиле досега, бидејќи ќе бидете принудени да се соочите со последиците од претходното невнимание и опуштеност. Доколку сте невработени, сега имате шанса да ви понудат работа спонтано и без оптоварување.

Љубов: Постои голема разлика помеѓу она што го покажувате и она што го чувствувате, многумина од вас се заљубени во некој кој не ви возвраќа на чувствата. Брачните односи ќе бидат преполни со недоверба, но љубовта и наклонетоста нема да бидат доведени во прашање. Ќе работите напорно и ќе бидете задоволни од перформансите и резултатите.

Здравје: Чуствителност на кожата и алергии, особено ќе се жалите на егзема која ве мачи веќе некое време.

ШКОРПИЈА
Работа:
Со добри работна тактика, би можеле да ја надминете конкуренцијата. Иако тоа не е типично за вас, со бавни чекори и добро осмислени, долгорочно ќе постигнете успех. Ќе те забележат, станувате поснаодливи и вашата самодоверба расте.

Љубов: Малку сте нестабилни на полето на емоциите, не сте сигурни што сакате. Денот е добар за афери и тајни врски, но дали е тоа доволно за да ве направи среќни? Не ја пополнувајте емотивната празнина со алкохол.

Здравје: Пад на имунитетот. Можни се воспаленија, немој да се форсирате одмарајте.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Треба да бидете внимателни доколку се појави неоснован оптимизам кој е последица на градење планови без цврста основа. Избегнувајте да влегувате во деловни партнерства и внимавајте на амбицијата која моментално ја имате.

Љубов: Повеќе сте заинтересирани за дружење отколку за љубов. Комбинирајте убаво и корисно и излезете заедно со партнерот и друштвото.

Здравје: Не претерувајте со храната.

ЈАРЕЦ
Работа:
Не сте многу задоволни од развојот на ситуацијата. Немојте веднаш да предвидувате негативни исходи, туку пронајдете ја грешката. Можно е дека некои работи едноставно денес не ви одат од рака.

Љубов: Вашата несигурност и на партнерот ќе исплива на површина. Најдете доволно време еден за друг, особено ако сте се оддалечиле. Не правете сцена и не се карајте, бидејќи ништо нема да постигнете. Нешто и простете.

Здравје: Пазете се од физички повреди, без разлика дали се во сообраќај, на работа или дома. Променливото време може да ви донесе настинка која ќе биде придружена со висока температура. Задолжително посетете лекар! Ако сте пушач, сигурно сте во многу ризичен период, бидејќи сте многу чувствителни.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Ќе бидете поактивни на почетокот на денот. Обидете се да не зборувате за вашите планови. Работете на нив, но не се поверувајте. На тој начин имате поголеми шанси да ја постигнете целта. Вработените ќе бидат многу поангажирани, но трудот ќе се исплати.

Љубов: Без двоумење влегувате во нови познанства и романтични врски, па големи се шансите да ја запознаете личноста со која ќе сакате врска. За некои, нова симпатија се насмевнува на работното место или во ходниците на факултетот.

Здравје: Добредојдена е исхрана богата со витамини и минерали, а секако и престој на свеж воздух.

РИБА
Работа:
Идеите поврзани со приватен бизнис се одлични, но ќе има проблеми со документацијата што треба да се собере. Бидејќи не се карактеризирате со силна волја, ангажирајте некој да го направи тоа наместо вас. Сега е вистинско време за учење, бидејќи наредните денови ќе ги донесат плодовите од она што го правите сега.

Љубов: Ако барате љубов, ќе ја најдете на работа или во вашето соседство – погледнете околу себе. Животот ви станува динамичен на сите полиња, но сега ќе ве изненади некоја вест.

Здравје: Можен е замор, потребен ви е добар сон и релаксација.

By Author