ОВЕН
Работа: Ќе биде многу важно да се обидете да ги завршите сите претходни работни задачи пред да преземете нови обврски.
Љубов: Слободен Овен, неочекувано би можеле да сретнете некого што долго време не сте го виделе и таа средба означува почеток на убава комуникација.
Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација.
БИК
Работа: Можно е да дојде до разлика во начинот на размислување со претпоставените, обидете се да избегнете сериозни несогласувања.
Љубов: Обидете се да ги усогласите вашите очекувања со реалните можности.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: Обидете се да не трошите премногу и да не трошите премногу време за да ги завршите работите што сте ги започнале.
Љубов: За очекување е другата страна да има разбирање за сите ваши проблеми, без разлика од која сфера доаѓаат, што многу ќе ви значи.
Здравје: Пазете се од настинки.
РАК
Работа: Вистински момент е да барате нови можности, нови соработници, да копате со раце и нозе за да отворите нови договори и деловни проекти.
Љубов: Внимателно одмерете ги одлуките и потезите, за да не ја искомплицирате фината моментална ситуација на љубовно поле.
Здравје: Пазете се од физички повреди.
ЛАВ
Работа: Многу е важно да се обидете да ги завршите сите претходни работни задачи пред да прифатите нови обврски. Грижете се за документацијата.
Љубов: Не знаете ниту умеете да ги дефинирате вашите моментални чувства кон личноста за која се грижите.
Здравје: Пазете се од настинки, воспаленија.
ДЕВИЦА
Работа: Доаѓаат многу нови информации, новости и настани, деловни понуди кои може да ве изненадат и да ве разбудат. Само водете сметка за брзината и напредокот на донесените одлуки и потези.
Љубов: Слободни Девици, сакате промена, но бегате од промени. Би сакале а и не би.
Здравје: Можни осцилации на крвниот притисок.
ВАГА
Работа: Искористете ја можноста да добиете некои важни информации и новости преку пријателите и врските, бидејќи тоа дополнително ќе ги активира работите и ќе ви отвори нови опции поврзани со деловната соработка.
Љубов: Ако можете да подобрите нешто во врската со саканата личност, направете го тоа, ако не и подобро, не ги влошувајте работите.
Здравје: Многу добро.
ШКОРПИЈА
Работа: Ве очекува поинтензивна комуникација со странство, што може да ви даде добар ветер во грб кога е во прашање следниот период.
Љубов: Слободна Шкорпија, би можеле да стапите во тајна врска со некој кој е зафатен.
Здравје: Можна минлива главоболка.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Некои хартии и договори можат да ви направат проблеми и со нив ќе мора да се занимавате неколку дена. Само бидете трпеливи и ќе успеете.
Љубов: Посветете си повеќе време еден на друг и вратете ги убавите емоции во вашата врска.
Здравје: Слаба циркулација.
ЈАРЕЦ
Работа: Добар период е да спроведете конкретни промени или барем да започнете иницијатива за исправување на некои грешки од претходниот период.
Љубов: Не бегајте од своите емоциите и немојте да дозволувајте да не ги изразите на вистински начин бидејќи тоа е вистинскиот момен.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
ВОДОЛИЈА
Работа: Во текот на овој ден повеќето работи што ќе ги започнете ќе се одвиваат без проблеми, работата ќе ја вршите лесно и со добра поддршка од колегите.
Љубов: Слободни Водолии, на љубовен план се забележуваат некои мали промени. Далеку од тоа дека сте целосно задоволни, треба уште малку да се опуштите.
Здравје: Одморете се доволно.
РИБА
Работа: Посветете посебно внимание на роковите што треба да ги запазите, особено кога се работи за документација или кога сте обврзани со договори.
Љубов: Време е да почнете да правите заеднички планови за уредување на просторот за живеење, или поврзани со времето поминато заедно.
Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.