„Некои луѓе не градат sидови за да ги чуваат луѓето надвор, туку за да видат кој сака да ги сруши“-Сократ.
ОВЕН
Работа: За повеќето типични Овни, проблемот и денес би можел да биде организацијата. Затоа, бидете колку што е можно трпеливи и флексибилни.
Љубов: Многу време и енергија ќе ви одземе деловниот сегмент, па љубовната сфера некако ќе биде во втор план.
Здравје: Можна главоболка.
БИК
Работа: Покрај тековните обврски, можно е денеска да имате и пар заостанати кои треба да ги решите поради рокови.
Љубов: Специфичен директен разговор со саканата личност може да ви донесе решение за важно прашање денес.
Здравје: Пазете се од настинки.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Близнаци, треба да бидете внимателни кога се во прашање финансиските трансакции. Консултирајте се со некој поискусен, можеби ќе ви треба совет.
Љубов: На полето на љубовните врски денес не би било паметно да се зборува за некои теми од минатото. Оставете ги за поповолен момент.
Здравје: Спијте доволно.
РАК
Работа: Раковите денеска ќе имаат полни раце работа. Ништо страшно, одредете ги приоритетите и не треба да имате некои поголеми одложувања.
Љубов: Доколку не успеете да ја контролирате зголемената нервоза поради вишокот информации во вашата глава, тогаш најдобро би било овој ден да и го препуштите на другата страна во љубовната сфера.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
ЛАВ
Работа: Добрата организација нема да биде доволна за се да помине без поголеми компликации. Побарајте помош од проверени соработници ако сакате да избегнете акумулација на обврски.
Љубов: Слободни Лавови, немојте да се чудите ако налетате на вашиот поранешен партнер или ако тој ви испрати порака од ведро небо.
Здравје: Можни болки во вратот.
ДЕВИЦА
Работа: Иако ќе треба да решите некои ситуации во повеќе од еден обид, тоа не треба да ве обесхрабрува. Ќе успеете да се справите со тој предизвик успешно.
Љубов: Можно е многу да ве заинтригира некој познаник кој доаѓа од пријателска средина или некој со кој веќе сте биле во некаков контакт претходно.
Здравје: Можни проблеми со малку послаба циркулација, пишува Астропутник.
ВАГА
Работа: Има многу реални изгледи дека одредена иницијатива ќе биде позитивно примена, особено од оние од повисоките позиции на хиерархиската скала. Ако веќе сте се насочиле кон нешто такво, само храбро напред.
Љубов: Без навестувања за големи промени и некои посериозни потези на полето на љубовните врски.
Здравје: Многу добро.
ШКОРПИЈА
Работа: На прв поглед, нормалниот и мирен работен ден во суштина би можел да претставува голема пресвртница за повеќето Шкорпии. Разгледајте ги сите опции или не избрзувајте со одлуките.
Љубов: На овој ден треба да го земете клучниот збор и кога станува збор за партнерската комуникација.
Здравје: Многу добро.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Стрелците ги очекува зголемен обем на обврски, па затоа треба првенствено да се занимаваат со заостанатите обврски пред да прифатат нови. Важно е да не брзате, туку да работите според вашите можности.
Љубов: Видливо разочарување може да ве следи во љубовната сфера доколку не успеете да ја контролирате својата импулсивност и избрзаните одлуки.
Здравје: Слаба циркулација.
ЈАРЕЦ
Работа: Видлива работна етика и желба за докажување ќе бидат присутни денес кај повеќето Јарци. Можно е пократко службено патување.
Љубов: Нема индикации за некакви капитални настани во љубовната сфера во текот на овој ден. Бидете искрени за вашите намери.
Здравје: Сосема солидно.
ВОДОЛИЈА
Работа: Сличен ден на претходниот ги очекува повеќето типични претставници на Водолија. Има зголемен обем на работа со многу флуктуирачка енергија, но ќе успеете да се справите со сите предизвици.
Љубов: Можни се помали љубовни недоразбирања со саканата личност. Обидете се да бидете трпеливи и да најдете заедничко компромисно решение.
Здравје: Многу добро.
РИБА
Работа: Обидете се да бидете што е можно појасни во искажувањето на вашите ставови, но и да ги повторите најбаналните работи доколку е потребно, бидејќи постои голема веројатност никој да не ве разбере.
Љубов: Опуштената атмосфера и пријатното друштво даваат реални шанси за нови познанства, флертување и со помлада личност. Уживајте.
Здравје: Можна чувствителност на зглобови, ситни коски.