ОВЕН
Целосно сте посветени на деловните активности. Ви претстојат интензивни настани и на професионален и на финансиски план. Ве очекува одлична можност во форма на понуда за соработка со луѓе за кои мислевте дека се недостижни.

БИК
Денот е обележан со напнати транзити кои навестуваат стресни ситуации од кои нема лесно да се извлечете. Нетрпеливоста сведете ја на минимум за да избегнете поголеми неволји, особено кога се во прашање врските и љубовта.

БЛИЗНАЦИ
Врската со саканата личност не оди онака како што би сакале. Можеби изминатиов период малку ве разгалела, па влеговте во улога на жртва на која без свесна намера се и се дозволува. На другата страна може да и здодее таквата атмосфера, а кога ќе сфатите, ќе биде предоцна.

РАК
Имате предлог за патување, соработка во странство или студирање со профитабилна работа. Ако не дејствувате брзо, може да ја пропуштите оваа неочекувана можност. Иако не е ваша природа да се коцкате, обидете се овој пат, ризикот може да се исплати.

ЛАВ
Вие сте невообичаено креативни и зрачите со огромна самодоверба. Толку сте полни со себе што се заканува да се претвори во заблуда за голема супериорност над другите луѓе. Зауздајте го тој наплив на гордост, пред вас се задачи кои ќе можете да ги решите само ако работите во тим.

ДЕВИЦА
Прифативте обврски кои не се во согласност со вашата природа. Утешете се во гледањето на сето тоа како привремен проект кој, кога ќе заврши, носи нови можности. Доколку во сето тоа е вклучен партнерот, внимавајте, распределбата на улогите би можела да стане навика.

ВАГА
Вашиот авторитет е на преден план. Иако уживате кога ви се верува и ви се бара мислење, има денови кога едноставно не ви се допаѓа тоа. Сега е таков момент. Итно ви е потребен одмор, без разлика што неделата допрва почнува. Не двоумете се, дајте си подолга пауза.

ШКОРПИЈА
Време е за мала пауза, но не дозволувајте премногу да се опуштите. Искористете го денот за расчистување на вашите заостанати работи. Покрај тоа, идеален момент е да ги обновите старите контакти со пријателите кои сте ги запоставиле во изминатиот период.

СТРЕЛЕЦ
Областа на финансиите е постојан извор на фрустрации и грижи за вас. Не сонувајте за бегство, во овој момент не можете да поправите ништо бидејќи не се сите карти во ваши раце. Искористете го денот за искрено да го завршите она што зависи од вас, а резултатите ќе мора трпеливо да ги чекате.

ЈАРЕЦ
Време е да се посветите колку што можете повеќе на обврските и да ги завршите една по една. Финансиската ситуација е прилично стабилна, па затоа е добро време да ги расчистите долговите и неплатените сметки пред да одите во шопинг.

ВОДОЛИЈА
На љубовен план ви претстои позитивна промена. Ситуацијата се подобрува. Поради интензивните деловни обврски, слободното време ќе го поминувате работејќи, па оваа разделба од партнерот ќе донесе стимул за наредниот период.

РИБИ
Вие сте расеани. Ве обземаат грижи што самите ги создавате и ги решавате проблемите кои допрва ќе се појават. Вашата деконцентрација и однесување на работа може да ве чини многу, па затоа е подобро да се разбудите на време и да ја одделите реалноста од фантазијата.

By Author