ОВЕН
Работа:
Проверете да не сте пропуштиле некоја формална обврска кон институциите, за да избегнете превиди и плаќање пенали.

Љубов: Денеска нема значајни промени на вашиот љубовен хоризонт, доколку тоа ви одговара, уживајте во тоа, а ако сакате да промените нешто, променете го.

Здравје: Можна чувствителност на желудникот, гениталниот регион.

БИК
Работа:
Иако е првиот ден од викендот, Биковите може да се соочат со зголемен број на обврски, како недовршени од претходниот период, така и некои нови кои може да настанат во последен момент.

Љубов: Во суштина, нема да ви остане многу време и енергија за да се занимавате со работи поврзани со љубовта. Ќе има поповолни можности.

Здравје: Направете баланс помеѓу работата и одморот.

БЛИЗНАЦИТЕ
Работа:
На Близнаците им претстои одличен ден доколку планираат да се посветат на некоја физичка активност или хоби и на тој начин да се релаксираат.

Љубов: Внимавајте да не давате премногу ветувања и да давате лажна надеж на личност која неодамна сте ја запознале, а која многу ве привлекува.

Здравје: Многу добро.

РАК
Работа:
По долго време, еве убава можност за опуштена атмосфера, и за полнење на батериите за нови обврски. Добро би било денес малку да излезете од дома.

Љубов: Одличен ден е да се посветите на убави љубовни врски, и да спроведете барем една идеја на обострано задоволство. Уживајте.

Здравје: Одлично.

ЛАВ
Работа:
За Лавовите оваа сабота најмногу ќе биде насочена кон домашните и семејните обврски кои треба да ги извршувате, но организацијата ќе биде малку полоша. Не се нервирајте премногу.

Љубов: Без никакви капитални промени на полето на љубовните врски. Ви недостига мотивација.

Здравје: Нема причина за грижа.

ДЕВИЦА
Работа:
Девиците оваа сабота најмногу ќе бидат фокусирани на домашните и семејните обврски. Не треба да се заморувате премногу.

Љубов: Без никакви капитални промени на полето на емотивно-љубовните врски. Ви недостига мотивација.

Здравје: Нема причина за грижа.

ВАГА
Работа:
Многу добри околности на вашиот професионален фронт најавуваат започнување на повеќе иницијативи и договори. Само напред.

Љубов: Добриот ден на полето на љубовните врски треба да го искористите пред се доколку сте под впечаток на свежи, нови позитивни емоции предизвикани од новото познанство.

Здравје: Одлично.

ШКОРПИЈА
Работа:
Еве ден за Шкорпиите да ги извршуваат речиси сите планирани обврски како што замислиле, без непријатни изненадувања. Важно е да завршите се што сте започнале или веќе сте започнале без одлагање.

Љубов: Ве очекува опуштено однесување во љубовната сфера, денес вклучете повеќе страст.

Здравје: Грижете се за кардиоваскуларниот систем.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Добро би било овој ден да го искористите за максимална релаксација и одмор, бидејќи од почетокот на работната недела ќе имате зголемен број на обврски.

Љубов: Во љубовната сфера ве очекува просечен ден без акцент на некои спектакуларни настани. Можна е покана од стара симпатија за дружење, излегување.

Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација.

ЈАРЕЦ
Работа:
Следува прилично динамичен и успешен ден за типичните Јарци, особено оние членови кои имаат слобода на одлучување. Сепак, имајте на ум дека не ви се сите наклонети.

Љубов: Малку одморени од деловните обврски, ќе имате добар ден за некоја убава и специфична акција во љубовната сфера.

Здравје: Одлично.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Доколку размислувате да направите некои радикални промени во вашиот професионален живот, добро време е да направите подлабока анализа и подготовка на теренот.

Љубов: На љубовен план би било добро да избегнувате краткотрајни страсни излегувања, тие можат скапо да ве чинат.

Здравје: Чувствителност на урогениталниот тракт.

РИБА
Работа:
Голема е веројатноста да ви биде побарана помош од драга личност од вашиот круг на пријатели.

Љубов: Во однос на случувањата во љубовната сфера, моментот не е меѓу најповолните за правење некои сериозни планови и што е уште поважно за нивно успешно спроведување. Биди стрплив.

Здравје: Работете на зајакнување на имунитетот.

By Author