Кој мисли дека е срекен, тој навистина е срекен.
ОВЕН
Време е за реорганизација. Чистењето и во вашиот дом и на вашето работно место ќе создаде средина за реализација на многу деловни проекти. Но, ако за момент се исклучите од сите професионални активности, ќе сфатите дека не сте центарот на светот.
БИК
Вистинско време е да ги реализирате вашите планови, особено ако соработувате со странски земји. Освен тоа, ваквите транзити можат да најават интересно запознавање со личност која е далеку, која ја запознавате на чуден начин, на пример, преку социјалните мрежи.
БЛИЗНАЦИ
Денес си слаткоречив со сите. Вашето добро расположение е всушност маска за чувството на несигурност кое ве обзело. Потсвесно, сакате да ги мотивирате другите луѓе да ви возвратат со добронамерни коментари. Ќе се разочарате.
РАК
Расположението ви е нестабилно, ова е еден од оние денови кога е подобро да се повлечете и да поминете часови во самотија. Вистинската причина за сето ова е хроничниот недостиг на сон, па нарушениот ритам на животот си го направи своето. Почестете се со искрена пауза.
ЛАВ
Ве обземаат деловни проблеми. Сепак, тоа не е поле каде што можете да очекувате важни случувања. Еден член од семејството треба да биде во центарот на вниманието, бидејќи од него доаѓа голема поддршка која ќе ве трогне. Размислете добро како ќе кажете благодарност.
ДЕВИЦА
Не мрдаш. Токму кога мислите дека нешто се движи, нова пречка ве враќа на почетната позиција. Ништо не решавате со тоа што сте нервозни, треба да бидете трпеливи. Денот што изминува носи интересна животна лекција.
ВАГА
Време е за селекција. Ослободете се од неколку работи кои веќе некое време ве предизвикуваат голема грижа. Без разлика дали се работи за човечки ресурси или за проекти, ве очекува тешка одлука за ограничување, поради која ќе замерите на многу луѓе.
ШКОРПИЈА
Не верувате во различните ветувања со кои ве обземаат. Мора да се вклучите што е можно повеќе и да си помогнете сами да најдете решение. Стагнација на се е за очекување, затоа не се обидувајте да започнете нов бизнис.
СТРЕЛЕЦ
Планетарните транзити ви даваат шанса конечно да презентирате идеи кои досега биле погрешно разбрани и да добиете поддршка од колегите од кои најмалку сте очекувале. Следи и официјално запознавање со влијателна личност која ја познавате по видување.
ЈАРЕЦ
Ве нервира што сте ги научиле оние околу вас дека вие сте иницијатор на се. Расположението е такво што денес повеќе би сакале одговорноста да биде на некој друг, а вашата задача да биде весел гостин кој треба добро да се забавува.
ВОДОЛИЈА
Има одредени ненадејни трошоци, но немојте да се нервирате бидејќи ќе успеете да ја стабилизирате ситуацијата. Побарајте поддршка од пријателите. Избегнувајте средба со партнерот бидејќи една безопасна незгодна реченица може да биде поттик за сериозна кавга.
РИБИ
Кога рационално би ја анализирале својата позиција, би признале дека не е толку лоша. Проблемот е што имате тенденција да кукате и критикувате, па околу себе собирате такви луѓе. Слушајќи ја околината, паѓате во песимизам кој, всушност, воопшто не е ваш.