Животот не е само да имате добри карти, туку да играте добро дури и кога тие се лоши.
ОВЕН
Благодарение на вашите способности, добивате мал знак на благодарност во форма на симболичен подарок. Импресионирани сте од признанието, без разлика што трудот што го вложувате е значително поголем од подарокот што го добивате. Мудро заблагодарете, вистинската нагтада допрва доаѓа.
БИК
Ова е ваш ден. Коцките се редат една по друга, работите се решаваат сами по себе. Пријатно сте изненадени бидејќи не очекувавте таков подарок од небото. Не се занесувајте од моменталниот резултат, бидејќи тој не дојде со вашите напори, туку го реши факторот среќа.
БЛИЗНАЦИ
Преокупирани сте со финансиите, партнерските односи и дилемата за некаква инвестиција. Од вас се очекува да се прилагодите а вашата реакција е потребата да избегате. Совет е да истраете во се, бидејќи добивката што можете да ја постигнете не е занемарлива.
РАК
Вашиот однос кон обврските изгледа премногу опуштено. Вршете ја вашата работа поодговорно и без непотребни разговори. Малкумина знаат дека вашиот хумор е, всушност, одбранбен механизам, бидејќи нема друг начин да ги скриете вашите стравови и напнатост.
ЛАВ
Уморни сте од темпото што ве притиска. Ова е период од годината кога ви треба одмор. Ден поминат со семејството и опуштена атмосфера, тоа е она што би ве развеселило. Мислите дека тоа е невозможно, а заборавате дека немањето на избор, е избор.
ДЕВИЦА
Ситуацијата не е целосно стабилна, но тоа за вас е во втор план. Наскоро финансиите ќе се подобрат, што ќе ви помогне да се чувствувате посигурно, а со тоа и задоволно. Денот не е поволен за започнување на некои значајни чекори на деловен план.
ВАГА
Свесни сте за вашата ароганција, но таа е посилна од вас. Самоконтролата е неопходна ако сакате да избегнете конфликт со претпоставените што може дури и да резултира со казна. Не правете им го на другите луѓе тоа што не сакате некој да ви го прави вам.
ШКОРПИЈА
Добри вести доаѓаат од странство. На некои луѓе им се интересни вашите идеи. Не очекувајте бајки кои се случуваат преку ноќ. Пристапете на сè рационално и трпеливо правете потези. Ако успеете, резултатот нема да изостане.
СТРЕЛЕЦ
Идејата да се вратите во романтична врска со личност со која истата врска завршила на непријатен начин во минатото може да ви изгледа примамливо. Пред да подлегнете на искушението, проверете дали вашата потреба не потекнува од обична досада.
ЈАРЕЦ
Правете компромис таму каде што не му е местото. Робувате на одредени верувања кои не се рационални. Доколку денес не го послушате советот на пријателот, сето тоа би можеле да го спознаете на еден непријатен начин. Верувајте во добродушноста на другите луѓе.
ВОДОЛИЈА
За да постигнете некои поголеми цели, ќе мора да жртвувате нешто, а тоа можеби е поврзано со вашиот љубовен живот. Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи, па големи се шансите да успеете во сите ваши намери, но обидете се да не тргувате со емоции.
РИБИ
Долго време се спротивставувавте на импровизации и ги туркавте своите идеи. Сега, кога туѓото решение е најлошо, мора да го прифатите. Мора да ја преземете вината за новонастанатата ситуација, бидејќи со својот негативен став предизвикавте инает кај претпоставените.