ОВЕН
Работа: Првиот ден од викендот на родените во знакот на Овен ќе им даде добра можност за активен одмор, но и за потребната релаксација.
Љубов: Идеален ден е да поминете убави и пријатни моменти со саканата личност, а дискусиите за идните планови да ги оставите за друг ден.
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Типични претставници на Биковите, денес првенствено треба да се фокусираат на одмор на умот и главите, иако ги очекува дополнително размислување поради планирањето за следната недела.
Љубов: Со што повеќе убави гестови и топли емоции ќе го имате еден од најубавите љубовни денови во последно време.
Здравје: Внимавајте на квалитетниот сон и одмор.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Со добра организација и комуникација, повеќето Близнаци денес можат да ги избалансираат некои рекреативни активности и неколку вредни деловни зделки.
Љубов: Денешните случувања во љубовната сфера може да се очекува да се одвиваат во знакот на забавена и стеснета комуникација со саканата личност.
Здравје: Можни респираторни инфекции.
РАК
Работа: Родените во астролошкиот знак Рак денес треба да избегнуваат големи и крупни ветувања, но внимателно да ги проверат новите деловни информации.
Љубов: Денеска не би било лошо доколку иницијативата ја препуштите на саканата личност, а вие се трудите да уживате.
Здравје: Ситни проблеми денес можат да ви предизвикаат алергиски реакции.
ЛАВ
Работа: Просечен ден за високи типични амбиции на Лавот, иако од друга страна понекогаш добро доаѓа и мала пауза.
Љубов: Потенцијалниот вишок на време и енергија треба да го насочите кон љубовното поле, бидејќи таму ве очекуваат поинтересни познанства и интригантни ситуации.
Здравје: Бидете умерени во се.
ДЕВИЦА
Работа: Неколку работи во текот на оваа сабота можат да ги изнервираат родените во знакот Девица, а најголема главоболка би можело да биде откажувањето на некои веќе планирани деловни зделки.
Љубов: На љубовно поле ве чека прилично добра атмосфера за подигање на постоечките партнерски односи на повисоко ниво, со ваша дополнителна вклученост.
Здравје: Нервозата и стресот можат да ви предизвикаат мала главоболка.
ВАГА
Работа: Денешните астролошки аспекти не се поволни за претставниците на Вагата да ги форсираат физичките активности, но комуникацијата и склучувањето нови деловни зделки може да бидат натпросечни.
Љубов: Вашите планови за саботните љубовни активности може да се реализираат во најголем дел, важно е само да сте подготвени на компромис поради можни промени во расположението на вашата сакана лилност.
Здравје: Чувствителност на белите дробови, респираторниот систем.
ШКОРПИЈА
Работа: Повеќето Шкорпии може да очекуваат многу добри околности и резултати, доколку денес ги насочат своите психофизички активности кон соработка со луѓе кои не се од нивната непосредна околина.
Љубов: Нови сигнали и фини љубовни вибрации денес би можеле да допрат до вашето срце, па би било добро прво да ги регистрирате, а потоа да преземете некоја конкретна акција.
Здравје: Сосема солидно.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Во главата ви се вртат интересни деловни идеи и предлози. Сепак, не форсирајте ништо, денес е важно да направите рамнотежа помеѓу обврските и одморот.
Љубов: Вашето море на љубов денес треба да биде главно мирно, иако не е исклучено барем малку да го потресе личност која не ве гледа исклучиво преку деловна соработка.
Здравје: Многу добро.
ЈАРЕЦ
Работа: Еве добар ден за родените во знакот Јарец да повлечат линија и конечно да завршат неколку незавршени деловни обврски од претходниот период.
Љубов: Во суштина, овој ден носи стабилна љубовна клима, која пред се треба да им користи на сите кои веќе имаат јасно дефинирани и стабилни партнерски односи.
Здравје: Освен замор, нема значајни предупредувања.
ВОДОЛИЈА
Работа: Доколку сте задоволни од деловните резултати постигнати во претходниот циклус, денес би можеле да се опуштите и да ги оставите потенцијалните обврски на страна.
Љубов: Ви претстои многу солиден ден за настани од љубовната сфера, вистина не е баш за некаква капитална добивка, туку е за фина комуникација, можеби лесен флерт, кокетирање.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
РИБИ
Работа: Првиот ден од викендот на типичните претставници на Рибите им носи многу збунети мисли и контрадикторни информации во врска со идните деловни обврски.
Љубов: Внимателно анализирајте го однесувањето на саканиот, и потрудете се да му угодите што повеќе, ќе бидете повеќекратно наградени.
Здравје: Обидете се да ја ублажите потенцијалната главоболка, пишува Астропутник.