Само две сили ги обединуваат луѓето – стравот и интересот

ОВЕН
Напнатоста сериозно расте во вас бидејќи се соочувате со големи предизвици кои треба да ги решите. Добро работите под притисок, но во моментот кога работите ќе ги доведете до крај, ве следи забележителен пад на енергијата, што може да остави трага на вашето здравје.

БИК
Вниманието е насочено кон проблематичната ситуација која се случува во вашиот семеен круг. Кулминацијата ќе пристигне во текот на попладневните часови бидејќи ќе се случат принудни промени, доколку дотогаш не ги спроведете доброволно.

БЛИЗНАЦИ
Чувствувате дека некој ви се заканува. Победата е можна со голема борба доколку сте доволно упорни. Многумина ќе почувствуваат зголемена тензија на работа во овој период, а сето тоа како резултат на некои промени што се случуваат во компанијата во која сте вработени.

РАК
Транзитите ви носат шанса конечно на прифатлив начин да ги презентирате вашите идеи кои досега биле погрешно разбрани и да ја добиете поддршката од колегите од кои најмалку сте очекувале. Исто така, бидете внимателни во сообраќајот.

ЛАВ
Партнерот ве провоцира и искушува. Ако реагирате премногу брзо, нешто што сте сакале да го премолчите може да излезе во вашиот афект. Внимавајте врската да не заврши со раскинување, особено ако криете нешто што вашата сакана не смее да знае.

ДЕВИЦА
Пред вас е ден во кој ќе се борите помеѓу тоа да бидете покорни и да ги задоволите сите и потребата да реагирате остро, поттикнати од критиките што би сакале да им ги дадете на другите. Резултатот од сето тоа е голем замор кој ќе ве совлада во текот на вечерта.

ВАГА
Принудени сте да поминувате часови околу луѓе кои не ви ја покажуваат почитта што мислите дека ја заслужувате. Игнорирањето на нив не е злонамерно, зборуваме за луѓе чии интереси немаат допир со вашите, па не сте интересни да ве оценуваат.

ШКОРПИЈА
Ставате розови очила и си дозволувате да потонете во царството на имагинацијата и соништата. Погрешно ја толкувате љубезноста на една личност која ви испраќа знак на почит со неговото добронамерно однесување и верувате дека тоа се љубовни сигнали.

СТРЕЛЕЦ
Вишокот слободно време ви дава простор да се преиспитате дали патот по кој одите е вистинскиот. Потребата за промена не доаѓа поради навистина лоша ситуација, туку во прашање се многу подлабоки механизми кои, во моментов, не можете да ги видите.

ЈАРЕЦ
На вашите проблеми им доаѓа крајот. Оној малку жар што ќе остане во вас по периодот зад вас ќе биде доволно да ве поттикне повторно. Искористете ја денешната пауза, темелно подгответе го теренот за периодот пред вас.

ВОДОЛИЈА
Можни се потези кои од корен ќе ви го променат професионалниот пат. Доколку размислувате за парични кредити, најдобро е да се откажете бидејќи по потпишувањето на договорот ќе ве чека непријатна клаузула која не сте ја забележале на време.

РИБИ
Доколку сте на почеток на некој нов проект, овој ден може да ви донесе можност една фаза да ја доведете до крај. И покрај тоа што очекувавте многу и ја попречивте реализацијата со вашите преголеми амбиции, сега се согласувате на компромис и продолжувате понатаму.

By Author