Ако можете да сонувате нешто, можете да го направите тоа.

ОВЕН
Можни се потези кои суштински ќе ви го променат професионалниот пат. Доколку излезот го гледате во големите заеми во готовина, најдобро е да се откажете бидејќи подоцна ќе бидете изненадени од неповолни детали кои не сте ги забележале на време.

БИК

Имате можност да ги измазнете старите недоразбирања и да го освежите контактот со луѓето кои претходно сте ги елиминирале. Вашата уверливост носи добри резултати, но не претерувајте, бидејќи на тој начин ќе преземете и одговорност која не е ваша.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекуваат поволни договори, успешни набавки и стабилизација на финансиско поле. Доколку носите важна одлука, денот е поволен за тоа. Бидете упорни, не се откажувајте од започнување нови проекти бидејќи слична можност нема да се повтори наскоро.

РАК

Прифативте обврски кои не се во согласност со вашата природа. Утешете се во гледањето на сето тоа како привремен проект кој, кога ќе заврши, носи нови можности. Доколку во сето тоа е вклучен партнерот, внимавајте, распределбата на улогите би можела да стане навика.

ЛАВ

Добивате нови задачи. Со оглед на тоа дека се работи за ново поле во кое досега не сте се пробале, ќе бидете високо мотивирани. Самите си докажувате колку се големи вашите способности. Пази, не си безгрешен.

ДЕВИЦА

Од комарец правиш магаре. Сте се фокусирале на нешто што е сосема неважно. На удар е вашиот партнер, кому се обидувате да му ја покажете својата моќ. Вашата недопирливост нема крај, доколку не застанете на време, следува вистинско фијаско.

ВАГА

Вие сте расеан. Окупирани сте со грижи кои сте ги смислиле и ги решавате проблемите кои допрва би можеле да се случат. Вашата деконцентрација и однесување на работа може да ве чини многу, па затоа е подобро да се разбудите на време и да ја одделите реалноста од фантазијата.

СКОРПИЈА

Направивте избрзани потези и поради тоа се најдовте во навидум безизлезна ситуација. Блефирањето не успеа, па имате непријатен разговор со претпоставената личност. За да ги ублажите последиците, доброволно преземете ја одговорноста и решете го проблемот.

СТРЕЛЕЦ

Донесувате одлука која ви нуди само привремено решение. Иако знаете дека работите не одат како што сте сакале, вие се задоволувате со моменталното решение. Идеално би било ако оставите сè на страна и да си дадете време да размислите.

ЈАРЕЦ

Може да се избувнете неконтролирано, па сигурна е сериозна дискусија со непознати лица на јавно место. Можни се и контакти со луѓе од другата страна на законот. За да избегнете можни непријатности, поминете го денот во друштво на саканата личност.

ВОДОЛИЈА

Постојано зборувате за промени, па станува заморно за вашата околина, особено за колегите. Своите стравови ги проектирате најмногу на женскиот дел од популацијата. Невнимателна изјава може да предизвика жесток конфликт, иако верувате дека сте добронамерни.

РИБИ

Доколку на било кој начин се занимавате со трговија, денот ќе ви биде стресен. Иако сте во искушение конечно да завршите некои заостанати обврски, одолејте се на искушението и одложите сè за некое време, бидејќи сè што ќе направите денес, ќе го правите повторно.

By Author