„Некои луѓе не градат sидови за да се чуваат од луѓето надвор, туку за да видат кој сака да ги сруши“Сократ
ОВЕН
Работа: Комуникацијата со претпоставените, колегите, соработниците ќе ви биде премногу напорна и бавна од самиот почеток, што максимално ќе ве попречи и иритира.
Љубов: Контра ритам ќе ве придружува на полето на љубовните врски. Добро сте расположени, вашата сакана личност не, вие би сакале нешто вака, а другата страна обратно…
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Почетокот на неделата нема да изгледа како што сте планирале, но патот до позитивно решение дополнително ќе ве мотивира.
Љубов: Дискусиите можат да бидат доста неочекувани и импулсивни, ќе имате впечаток дека за се е виновно неразумното однесување на саканата личност, додека другата страна ќе мисли дека се обидувате да ја наметнете својата волја и да истакнете дека секогаш сте во право. .
Здравје: Можна главоболка.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Влегувате во фаза која може да донесе големи позитивни промени, значајни информации и нови понуди. Само напред.
Љубов: Уживајте во вниманието кое ви го дава саканата личност. Би можеле да возвратите и со убав подарок.
Здравје: Пад на енергија.
РАК
Работа: Деловниот сегмент е активиран, а оваа недела очекувајте бројни настани и ваша голема посветеност, кои ќе ви донесат заслужени резултати.
Љубов: Слободни Ракови, деловниот сегмент сега може да стане многу интересно место за бројни настани и интересни контакти со спротивниот пол.
Здравје: Намалена енергија, исцрпеност.
ЛАВ
Работа: Почетокот на неделата може да ви донесе немир поради заостанатите обврски, ќе имате малку време да ги решите и да ја доведете ситуацијата на задоволителна позиција.
Љубов: Комуникацијата и чувствата се на тест за зафатените Лавови. Колку што имате проблем со партнерот, толку имате и со себе, многумина од вас не ни знаат што чувствуваат или што сакаат.
Здравје: Чувствителност на ‘рбетот, зглобовите.
ДЕВИЦА
Работа: Неделава треба да ја искористите максимално, бидејќи можете да постигнете повеќе од она што го барате или очекувате. Фатете се за работа, засукајте ги ракавите и ќе бидете задоволни.
Љубов: Слободни Девици, големи се шансите врската од минатото сега да се обнови и да се движи во правилна и стабилна насока.
Здравје: Нервозата може да се одрази на проблеми со спиењето.
ВАГА
Работа: Почетокот на неделата на Вагите им носи преоптоварување со обврски и работа преку глава, па многу претставници на овој знак може да заглават до доцна на работа.
Љубов: И вие и вашиот партнер покажувате знаци на сомнеж и недоверба, треба да ја следите и анализирате секоја постапка на другата страна.
Здравје: Променливо расположение.
ШКОРПИЈА
Работа: Оваа недела е подобра од претходната кога станува збор за деловниот сегмент. Ве очекува помал обем на работа и ќе успеете на најдобар начин да се организирате и да направите се што е планирано.
Љубов: Не префрлајте ја потенцијалната нервоза на другата страна, бидете трпеливи и внимателно слушајте што зборува вашата сакана.
Здравје: Пазете се од настинки, можна треска.
СТРЕЛЕЦ
Работа: На Стрелците им претстои порелаксирана работна недела во однос на претходната. Од вас ќе се бара да бидете педантни, посветени на она што го работите и високо ниво на професионализам, што секако ќе можете да го исполните.
Љубов: Преокупираноста со деловните обврски некако ќе ја засени вашата сакана, што може да доведе до недоразбирања и тензии предизвикани од ситници.
Здравје: Зајакнете го имунитетот.
ЈАРЕЦ
Работа: Во текот на овој ден обидете се да избегнете вербални несогласувања со блиските деловни соработници, и посветете се на приоритетните задачи.
Љубов: Доколку сакате подобри односи со партнерот, сега е време да ја започнете приказната во насока која вам ви одговара. Искористете го максимално овој поволен период.
Здравје: Ослободете се од стресот преку физичка активност.
ВОДОЛИЈА
Работа: Бидете ефикасни и работете на организација, не е паметно да се раширите во многу правци. Чекор по чекор и ќе стигнете да завршите сè онака како што сте замислиле.
Љубов: Треба да се потрудите да ја намалите нервозата и повеќе да се фокусирате на квалитетна комуникација со партнерот.
Здравје: Исцрпеност, физички замор.
РИБИ
Работа: Овој понеделник можете да очекувате многу турбуленции на деловниот план како најава за можни промени. Некои ситуации можеби нема да можете да ги видите бидејќи ќе се случат со голема брзина.
Љубов: Може да биде тешко и на љубовен план. Ќе ви биде тешко да се најдете, да се разберете, да се согласите еден со друг.
Здравје: Можни осцилации на крвниот притисок.