Има само еден успех… да можеш да го живееш животот на свој начин.
ОВЕН
Работа: Ништо не може да ви застане на патот денес на вашиот професионален пат, иако со голем труд и потрошена енергија.
Љубов: Би било добро доколку не и дадете причина на саканата личност денес потенцијалниот сомнеж да го претвори во љубоморна реакција.
Здравје: Можна несоница.
БИК
Работа: Денес повеќето Бикови ќе треба целосно да се ангажираат, бидејќи покрај актуелните може да пристигнат и нови професионални задачи. Имате многу ентузијазам, па нема што да се грижите.
Љубов: На љубовен план има добра енергија од двете страни што носи многу убави можности во најавата.
Здравје: Би уживале да го поминувате времето на отворено.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Одредени околности денес би можеле да бидат во рацете на Близнаците, да ги приспособат на себе и на сопствениот начин на дејствување, особено кога станува збор за комуникација со нови деловни контакти.
Љубов: Ова е добар ден да ги покажете своите заводнички способности. Бидете весели, шармантни и пред се уживајте.
Здравје: Хранете се здраво.
РАК
Работа: Ова е ден кога би можеле да презентирате некоја од вашите идеи за промени, а се очекува да наидете на разбирање и добар прием кај оние кои одлучуваат. Само напред.
Љубов: Ако сте желни за промени на љубовен план, можеби би можеле да започнете некоја посериозна иницијатива овде и да кажете на вашата сакана како стојат работите.
Здравје: Променливо расположение.
ЛАВ
Работа: Можно е да ви се отворат некои нови можности, нови понуди за соработка, па бидете подготвени за промени.
Љубов: Овој петок е поволен за дружење со пријателите, па би можеле да поминете убави моменти во некоја забава, излегување.
Здравје: Дружете се со позитивни луѓе.
ДЕВИЦА
Работа: Успешното завршување на започнатите обврски е пред Девиците. Повторно проверете дали нема недовршена документација, за да можете мирно да го дочекате претстојниот викенд.
Љубов: Не оптоварувајте се премногу со минатото, оставете ги лошите работи зад себе и посветете се на плановите за иднината.
Здравје: Нежност на зглобовите и малите коски.
ВАГА
Работа: Покрај претходно договорените и планирани работни обврски за денеска, можно е и наметнување дополнителни активности од претпоставените. Бидете упорни и не навлегувајте во расправии.
Љубов: Можно обновување на некој љубовен контакт од минатото, што не би било лош избор за вас.
Здравје: Одлично.
ШКОРПИЈА
Работа: Шкорпиите би можеле да бидат доминантни на деловен план овој петок, што во превод значи дека нема пречки пред вас.
Љубов: Слободни Шкорпии – ако некој е заинтересиран за вас, тоа не може или не треба да го покаже. Ќе мора да биде многу поконкретно за да забележите.
Здравје: Можна е нервоза, несоница.
СТРЕЛЕЦ
Работа: На Стрелците им претстои малку порелаксиран крај на оваа работна недела, што не значи дека нема да има обврски, само дека лесно ќе ги извршувате.
Љубов: Ве очекува многу убав ден на љубовен план, доколку имате намера да спроведете некоја конкретна акција.
Здравје: Одлично.
ЈАРЕЦ
Работа: Денес внимавајте што потпишувате, држете се до докажаните методи на работа и стандардното извршување на тековните обврски и не треба да има причина за грижа.
Љубов: Поддршката и разбирањето на саканата личност многу ви значи. Почестете се со заедничко патување или барем состанок и уживајте.
Здравје: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Уште еден многу добар работен ден за Водолиите, за справување со сите препреки кои би можеле да демнат на професионалниот пат без поголеми предизвици. Имате целосна поддршка и доверба од важните соработници.
Љубов: Ве очекува пријатно изненадување кое доаѓа во пакет со работата, односно добивате можност да го споите убавото и корисното.
Здравје: Одлично.
РИБИ
Работа: Не ставајте се во преден план, не е поволен момент за некои посериозни и конкретни промени, трпеливо чекајте го вистинскиот момент.
Љубов: Најпрво преиспитајте се и бидете реални пред да одлучите да преземете конкретни чекори во врска со личност која ве привлекува веќе некое време. Секаков вид на илузија или тајна може да донесе само неволја.
Здравје: Можна несоница, пишува астропутник.