Пушти ги другите да бидат во право, ти биди само среќен!

ОВЕН
Работа:
Денеска ништо не треба да ви застане на вашиот професионален пат, завршете го она што сте го започнале и погрижете се да ги исполните сите рокови.

Љубов: Би било добро доколку не и дадете причина на саканата личност денес потенцијалниот сомнеж да го претвори во љубоморна реакција.

Здравје: Можни стомачни проблеми. .

БИК
Работа:
Денеска мнозинството Бикови ќе треба максимално да се ангажираат, бидејќи покрај тековните, можно е да се појават и некои дополнителни работи.

Љубов: Овој ден носи многу позитивни вибрации во кои повеќето Бикови треба максимално да уживаат.

Здравје: Многу добро.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Некои околности денес би можеле да бидат во рацете на Близнаците, да ги прилагодат на себе и на сопствениот начин на дејствување, особено на полето на комуникацијата.

Љубов: Ова е добар ден да ги покажете своите заводливи квалитети. Бидете весели, шармантни и пред се уживајте.

Здравје: Одлично.

РАК
Работа:
Неповолен ден за промени на работното поле. Внимателно разгледајте ги новите понуди и проверете дали нешто се крие зад нив. Можно е сите соработници да не бидат искрени со вас.

Љубов: Барате нови познанства. Сепак, не ви е лесно да ги ослободите сопирачките и да заземете порелаксиран став. Пред вас е период во кој ќе има некои тешкотии.

Здравје: Би ви годела диета, па доколку се решите на ваков чекор во наредниот период, може да постигнете навистина добри резултати на ова поле. Консултирајте се со нутриционист.

ЛАВ
Работа:
Ова е ден кога би можеле да презентирате некоја од вашите идеи за промени, а се очекува да остварите контакт со многу важна личност која може да ви помогне.

Љубов: Доколку сте желни за промени на љубовен план, можеби и таму би можеле да започнете некоја посериозна иницијатива.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА
Работа:
Не обрнувајте внимание на околината и не дозволувајте другите да ви го одредуваат темпото и успешно ќе завршите се што сте зацртале оваа недела.

Љубов: Ќе мора да дадете адекватни одговори на некои прашања поставени од другата страна доколку сакате да продолжите добро да функционирате. Биди искрен.

Здравје: Чувствителност на грлото.

ВАГА
Работа:
Вагите имаат солиден ден пред нив за да ја покажат својата креативност на дело и сосема опуштено да ги доведат до крај сите започнати обврски.

Љубов: Ви претстои убав ден на љубовта доколку се посветите и дадете се од себе за да ја израдувате саканата личност.

Здравје: Пазете се од настинки.

ШКОРПИЈА
Работа:
Шкорпиите денес би можеле да бидат доминантни на деловен план и лесно да ги завршат сите обврски без проблеми.

Љубов: Евентуалните помали недоразбирања во комуникацијата најдобро ќе се решат со компромисни решенија. Не треба да ви биде премногу тешко.

Здравје: Можни стомачни проблеми.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Стрелците би можеле да имаат многу работа. Не преземајте дополнителни обврски додека не ги расчистите претходните.

Љубов: Време е да се справите со конечно разрешување на некои дилеми поврзани со личност од вашето романтично минато.

Здравје: Спијте доволно.

ЈАРЕЦ
Работа:
Повеќето Јарци ги очекува солиден крај на работната недела. Доколку остане недовршена некоја документација, довршете ја, а можно е и најава за некои деловни зделки со странци.

Љубов: Не дозволувајте обврските да ви ги расипат заедничките планови. Обидете се да ја почитувате другата страна.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Еден многу добар работен ден пред Водолија, за да ги завршите обврските за оваа работна недела со целосна поддршка и доверба од соработниците.

Љубов: Ве очекува некое пријатно изненадување од деловното опкружување, односно ќе добиете можност да го споите убавото и корисното.

Здравје: Одлично.

РИБА
Работа:
Иако може да очекувате многу обврски со многу комуникација, се ќе успеете да доведете до задоволителен крај.

Љубов: Преиспитајте ги сопствените ставови и желби пред да се одлучите за конкретни чекори во однос на личноста која ве привлекува.

Здравје: Многу добро.

By Author