Единствената вистинска грешка во животот е онаа од која ништо не сме научиле!

ОВЕН
Работа:
Овенот и овој петок би можел да биде многу ангажиран во бизнисот, пред се кога станува збор за завршување на работата поврзана со формалности и документација.

Љубов: Денеска нема да ви преостанува многу време да се занимавате со љубовни теми, подобро зафатете се со планирање на викендот.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

БИК
Работа:
Иако нема навестувања за големи деловни потези во текот на овој петок, најтипичните Бикови сепак би можеле да склучат барем една добра деловна зделка и задоволно да го започнат одбројувањето до викендот.

Љубов: Овој ден носи и потенцијални фини познанства во најава, па еве можност да уживате во лежерна комуникација, за почеток флертување.

Здравје: Многу добро.

БЛИЗНАЦИТЕ
Работа:
Близнаците ќе бидат многу активни овој петок, особено на полето на комуникацијата, а кон крајот на денот може да настанат некои дополнителни обврски.

Љубов: На вашиот љубовен хоризонт без капитални промени , што не мора да значи ништо лошо.

Здравје: Многу добро.

РАК
Работа:
Овој петок Ракот го очекува многу солиден заклучок, а не е исклучено и пократко службено патување каде би можеле да очекувате барем еден позитивен деловен разговор и добра комуникација.

Љубов: Што се однесува до потенцијалните случувања во љубовната сфера, и денешните резултати би можеле да бидат добри, но под услов да се потрудите малку повеќе.

Здравје: Движете се повеќе.

ЛАВ
Работа:
Крајот на работната недела Лавовите го дочекуваат малку уморни и исцрпени и не многу задоволни од постигнатото. Секогаш може подобро, секако дека ќе биде, не е крај на светот.

Љубов: Овој ден носи потенцијални убави познанства во најава, па еве можност да уживате во убава комуникација, флерт, што ќе ве задоволи. Утре ќе размислувате за иднината.

Здравје: Бидете физички активни.

ДЕВИЦА
Работа:
Солиден ден за Девиците е да ги завршат веќе започнатите обврски, а некои нови идеи да остават за друг ден.

Љубов: Искористете го овој ден за да ја покажете својата наклонетост кон саканата личност и да се посветите на некои заеднички активности и планови. Можете исто така да излезете на убаво место.

Здравје: Одлично.

ВАГА
Работа:
Би требало да можете да се справите со сите деловни обврски без поголеми проблеми и опуштено.

Љубов: Променливо расположение на љубовен план. Не оптоварувајте се со размислување премногу, бидете поопуштени.

Здравје: Многу добро.

ШКОРПИЈА
Работа:
Во последниот работен ден Скорпиите треба да ги очекуваат помалку обврски, и опуштено завршување на планираните задачи.

Љубов: Поволен ден за дружење со пријателите, излегување, може би таму ве очекува и ново познанство.

Здравје: Многу добро.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Во последниот работен ден од неделата, Стрелецот се соочува со неколку искушенија, од кои најважните се однесуваат на непроверени или неточни информации. Проверувајте сè постојано.

Љубов: Денешното вишок време и енергија можете да го насочите на љубовни настани, да го дадете најдоброто од себе, да бидете насмеани и позитивни.

Здравје: Многу добро.

ЈАРЕЦ
Работа:
Продолжете со нивото на посветеност и одговорност и не треба да очекувате голем проблем на деловен план овој петок.

Љубов: Имајте доволно доверба еден во друг и уживајте во меѓусебното разбирање и чувството на припадност.

Здравје: Можна несоница.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Имајте предвид за психофизичкиот товар, и дел од товарот на деловните обврски поделете го со доверливи лица, ќе имате поддршка.

Љубов: Не влечете некои приказни од минатото бидејќи нема да постигнете ништо.

Здравје: Психофизички замор.

РИБИ
Работа:
Овој работен ден треба да ви донесе многу подобра адаптација како на околината, така и на некои променети начини на функционирање.

Љубов: Бидете малку поотворени и постапете според сопствената интуиција и чувство кога станува збор за нови интересни познанства. Може да очекувате возбудлив ден.

Здравје: Многу добро.

By Author