Среќата е како палата од бајките што ја чуваат змејови. Мора да се бориме за да ја освоиме.

ОВЕН

Работа: Слаба ви е концентрацијата и склони сте кон грешки. Обидете се да си дадете доволно време да се одморите од работа, да правите чести паузи, подобро да се организирате… или да оставите некои задачи на колегите на кои им верувате.

Љубов: Денеска ве очекуваат бурни дискусии со саканата личност. Таа ви префрла дека сте премногу избрзани и мисли дека многу од вашите постапки немаат никаква смисла. Не можете да ги контролирате мислите.

Здравје: Можни се проблеми со силна главоболка, започнете навреме соодветна терапија. Пазете се од можни повреди.

БИК

Работа: Склони сте кон избрзани одлуки, внимавајте на тој начин да не правите големи грешки. Обидете се да се проверите на време пред да направите грешка. Навреме консултирајте се со другите соработници, за да бидете сигурни во исправноста на одлуките.

Љубов: Доколку сте зафатени, можете да очекувате трзавици во љубовната врска. Оние кои се сингл не треба да очекуваат претерано големи промени денес, не е поволен ден.

Здравје: Психосоматските проблеми денеска се нагласени. Склони сте кон прејадување на нервна основа. Секако, тоа носи и вишок килограми.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Ако можете, започнете го викендот малку порано и избегнувајте обврски. Не е поволен ден за вас и би можеле да наидете на низа непријатни ситуации во деловното опкружување. Вршете ја вашата работа, не навлегувајте во расправии и конфликти

Љубов: Не сте навикнати да ве оставаат зад себе и сега кога тоа ви се случи, многу ви е тешко да се помирите со реалноста. Без разлика на се, имате доволно сила во себе да го надминете. Подобро утре е пред вас.

Здравје: Можни се повреди и скршеници, бидете многу внимателни при физичка активност, но и во сообраќај.
РАК

Работа: Не дозволувајте да влезете во конфликти со шефовите. Тоа нема да заврши добро за вас. Нема потреба да си создавате дополнителни проблеми. Хиерархијата отсекогаш била важна во деловниот свет. Не сте во позиција да докажете дали сте во право.

Љубов: Повеќе не сакате да трпите се што не ви одговара. Денес многу лесно можете да ја прекинете врската во која не сте среќни, нема повеќе двоумење. Вие сте многу директни. Не сакате повеќе да го поднесувате недостатокот на посветеност на партнерот.

Здравје: Можни се проблеми со хормоните, добро би било да посетите гинеколог.

ЛАВ

Работа: Вашето патување во странство кое сте го планирале ќе биде ненадејно одложено, многу од вашите очекувања ќе бидат нарушени. На тоа му придававте големо значење и поради образованието и поради можноста за понатамошно напредување.

Љубов: Саканата личност ќе одбие еден од вашите предлози, а вие се чувствувате многу лошо поради тоа. Вие сте на работ на депресија. Ова не беше идеалновреме да барате нешто. Самите имавте претчувство дека ќе згрешите.

Здравје: Избегнувајте алкохол и пороци. Склони сте кон тоа и сакате да се опуштите со чаша добар пијалок. Проблемот е што претерувате.

ДЕВИЦА

Работа: Не влегувајте во големи долгови денес, освен ако не сакате подоцна да бидете во големи проблеми. Ако планирате да земете заем, почекајте.

Љубов: Лесно можете да се најдете во ситуација да кажете неколку прилично тешки зборови на саканата личност. Обидете се да избегнете да кажувате повеќе од она што навистина го мислите за него. Тоа е само последица на вашата ранливост, очигледно партнерот знае да ве разочара.

Здравје: Можни се проблеми со урогениталниот тракт, склони сте на воспаленија и разни инфекции. Одењето кај гинеколог се советува за припадничките на знакот.

ВАГА

Работа: Непријатно сте изненадени од односот што го зазеде вашиот деловен партнер. Верувате дека директно го загрозил вашиот личен интерес на некој начин и полека размислувате да ја прекинете соработката. Тоа би бил најпаметен потег, бидејќи како што сега ја доживеавте непријатноста, можете да ја очекувате и во подоцнежниот период.

Љубов: Можно е ситуацијата да не е најдобра и на емотивен план… Доколку сте во брак, би можеле да бидете на работ на развод или во сериозна криза. Работите драстично и брзо се менуваат.

Здравје: Грижете се за вашите бубрези, многу е важно да пиете доволно течности.

ШКОРПИЈА

Работа: Поголемиот дел од решавањето на проблемите се обидувате да го преземете на себе и на тој начин максимално да ги растеретите вашите соработници. Сепак, можеби нема да можете да направите сè сами.

Љубов: Секојдневните расправии со партнерот се нешто на што сте навикнати долго време. Запрашајте се дали таквата состојба е навистина нормална и дали сте суштински среќни? Ако не, сменете нешто. Не двоумете се, верувајте дека нема да има подобри денови.

Здравје: Можни се пад на имунитетот, проблеми со треска, егзема и слично. Време е да започнете со зголемен внес на витамини и минерали, но и поголема количина на вода.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Не очекувајте премногу кога се во прашање потенцијалните финансиски ризици и инвестиции. Денот не е поволен за вас за игри на среќа или коцкање од било кој вид. Чувајте ги вашите пари безбедни.

Ве очекуваат поголеми трошоци од очекуваните.

Љубов: Ќе ви се случи сосема неочекувано познанство кое нема да ве остави рамнодушни. Време е да се раздвижите и да направите пробив на љубовниот фронт! Сè зависи од вас!

Здравје: Можни се проблеми со кардиоваскуларниот систем, консултирајте се со лекар. Различниот притисок, како и аритмиите, укажуваат на тоа дека е потребна специфична терапија.

ЈАРЕЦ

Работа: Загубите се многу можни. Обидете се да се дистанцирате од деловното опкружување на сите оние луѓе кои не се доволно искусни или професионални, а кои упорно се обидуваат да ви се мешаат. Време е да се направат кадровски промени.

Љубов: Врските во бракот се разнишани и поради тоа сте исплашени. Вознемирени сте и ви е тешко да ја погледнете ситуацијата без паника. Ќе ви треба многу време за да решите сè. Потребен ви е совет од психолог, експерт или пријател кој ќе ве советува.

Здравје: Можни стомачни проблеми, внимавајте што јадете, избегнувајте тешка, мрсна, зачинета храна.

ВОДОЛИЈА

Работа: Можете да очекувате раскинување на договор што сте го имале претходно. Разочарани сте, бидејќи баш и не очекувавте такво нешто. Обидете се да најдете работа за замена што е можно поскоро. Бидете поажурни за тоа, не чекајте работите да се случат.

Љубов: Обидете се да ги контролирате избрзаните реакции и нервозата во врската со саканата личност. Нема потреба таа да страда поради вашите фрустрации во деловното опкружување. Работата не треба да ја внесувате во домашната атмосфера.

Здравје: Можни се болки во грлото, како и вирусни инфекции. Зголемете го внесот на витамини, особено витамин Ц.

РИБИ

Работа: Ви претстојат неочекувани трошоци, многу лесно може да се случи да се впуштите во дополнителен долг за да исплатите нешто. Погрижете се се да биде редовно и според правилата. Обидете се да ги намалите трошоците на минимум можно, за подоцна да не страдате поради преголема рата на кредитот.

Љубов: Не сте доволно посветени на партнерот и тој полека се оддалечува од вас. Не можете да очекувате дека ќе ви биде посветен ако не му дадете доволно љубов и внимание.

Здравје: Проверете ја тироидната жлезда, таа е многу слаба точка во текот на животот. Направете ја анализата!

By Author