Не поминувајте време удирајќи го ѕидот, надевајќи се дека ќе се претвори во вратата!

ОВЕН
Работа:
Ја завршивте фазата кога го менувавте своето мислењата, сега конечно знаете за кои вредности и приоритети се залагате. Напредокот нема да изостане по некое време. Важно е да се држите до вашите цели и да не дозволите туѓите предлози да ве поколебаат.

Љубов: Позитивен ден за вас. Доколку сте имале мали несогласувања со саканата личност, конечно доаѓате до помирување и компромис. Задоволни сте со постигнатото како пар.

Здравје: Проблеми со високиот крвен притисок. Намалете ја солената, богато зачинета храна. Вие сте голем гурман и ова тешко ќе ви оди од рака.

БИК
Работа:
Доколку се занимавате со приватен бизнис, ќе имате можност да го стабилизирате вашиот готовински тек. Ве очекува многу позитивна атмосфера на работа и успешен ден!

Љубов: Знаете на што сте со саканата личност, што секако многу ви значи. Задоволни сте од околностите во кои се наоѓате и не планирате да правите големи промени по ова прашање. Конечно најдовте некој на кој можете да се потпрете, некој на кој можете да му верувате.

Здравје: Одморете се што повеќе. Се префорсиравте премногу и не сте подготвени за повеќе труд сега. Можно е губење на апетитот и пад на имунитетот.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Доволно им дадовте значење на работите кои треба да бидат вистински приоритети и за тоа ќе бидете наградени. Поволен ден во кој ќе постигнете мал напредок на работа! Сепак, сè уште не сте задоволни, бидејќи знаете дека можете повеќе. Подготвени сте и да го промените вашето работно место, компанија, доколку ви се укаже подобра можност.

Љубов: Посветени сте на семејството и можете да имате многу убав ден во топло опкружување на вашиот дом. Може да очекувате мирна ситуација која ќе ве задоволи токму сега. Потребна ви е стабилност.

Здравје: Психички сте преморени. Самите си создавате тензија.

РАК
Работа:
Подгответе тактики кои ќе ги спроведете заедно со колегите. Ви претстои важен деловен состанок, па потрудете се да оставите добар впечаток.

Љубов: Ракот кој е слободен може да очекува повик од личност од минатото. а.

Здравје: Чувајте го грлото. Склони сте кон пороци, не правите ништо за тоа за да промените нешто.

ЛАВ
Работа:
Обидете се да посветите малку повеќе време на решавање на некои формални прашања и собирање на потребната документација.

Љубов: Обрнете внимание на вашите постапки кои можат доста негативно да влијаат на вашиот партнер. Обидете се да не го префрлите вашето незадоволство од надворешните околности во вашата врска. Впрочем, тоа е она што сте си го ветиле еден на друг кога влеговте во врска.

Здравје: Потребен ви е одмор за телото да се регенерира. Често работите доцна навечер, не спиете доволно. Премногу си уморен! Внесувајте повеќе вода, како и витамини и минерали.

ДЕВИЦА
Работа:
Можно е да добиете нова деловна понуда од личност која долго време се двоуми дали да ве вклучи во некој проект. Може да очекувате солидна соработка. Искористете ја можноста, бидејќи таква можност нема наскоро да ви се укаже.

Љубов: Не дозволувајте семејството да ви се меша во односот со партнерот. Бракот треба да го заштитите од надворешни влијанија колку што можете, само вие и вашиот партнер можете да донесувате одлуки. Во спротивно, нема да знаете што ве погоди наскоро.

Здравје: Добро се чувствувате. Полни сте со енергија, планови кои можеби се напорни за другите, но за вас обична работа.

ВАГА
Работа:
Не поднесувате авторитети кои наметнуваат свои правила во кои вие не верувате и за кои мислите дека немаат никаква смисла. Можеби треба да размислите за промена на работното место. Веќе подолго време сте незадоволни и од финансиите и од непрофесионалното однесување на раководството кои придонесуваат за згаснување на компанијата.

Љубов: Ве очекува прилично интересен ден кога е во прашање емотивното поле. Доколку сте слободни, денес ќе остварите ново познанство со шармантна личност.

Здравје: Хронични проблеми со синусите. Во текот на денот ве придружуваат главоболките, може да се претвори во мигрена.

ШКОРПИЈА
Работа:
Имате многу добар увид во проблемот што ве мачи и затоа, сте на вистинскиот пат до решение. Не треба многу да се грижите, туку да се фатите за конкретни деловни активности! Само работата, а не само планирањето, може да донесе резултати. Важно е да се движите.

Љубов: Дојде време јасно да дефинирате што емотивно ви одговара. Целосно ќе отстраните некои луѓе од вашиот живот и ќе свртите нов лист – конечно! Често сте биле повредувани и си преминувал преку тоа.

Здравје: Внимавајте на исхраната, конзумирајте поздрава храна. Детоксикајте го телото, ќе се чувствувате полесни и подобро.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Ве очекува прилив на пари, кој може значително да се одрази на деловните планови што ги имате. Конечно ќе можете да завршите некоја работа и задоволно да погледнете назад на неа. Сега не ги слушавте туѓите предлози, туку ја следевте вашата интуиција и сте задоволни од резултатот.

Љубов: За емотивна, но и многу страсна врска најмногу ви одговараат другите огнени знаци. Свртете го вашето внимание на еден од нив.

Здравје: Ќе уживате во престојот на свеж воздух. Направете го тоа ваша редовна пракса. Оставете си здив, излезете со пријателите, наполнете ги батериите, опуштете се!

ЈАРЕЦ
Работа:
Вложувате многу труд и енергија во работата, а малку од тоа ви се враќа. Размислувате за можноста да оставите сè зад себе и да барате вработување во странство. Немојте долго да се премислувате, туку бидете повеќе ангажирани на тоа прашање. Секое одложување создава сомнежи за исправноста на одлуката.

Љубов: Не сте премногу романтични. Очекувате поддршка и разбирање од саканата личност, имате доста зрели ставови и приоритети кога е љубовта во прашање. Цврсто стоите на земја, реални сте.

Здравје: Внимавајте на секој чекор. Можни се повреди, скршеници, исчашувања.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Работете на развивање на вашите амбиции, наместо да ги задушувате. Ако не се сфаќате доволно сериозно, големи се шансите никој друг да не го направи тоа. Променете го вашиот став кон другите.

Љубов: Не сте ги расчистиле целосно сите контроверзни ситуации кои сте ги имале со саканата личност, а тоа чувство не ви дава мир. Не прави ништо непромислено. За да не ви пречи дополнително, обидете се да комуницирате на пристоен начин, без конфликт.

Здравје: Можни проблеми поради лоша крвна слика. Разговарајте со вашиот лекар за тоа како да ја подобрите вашата состојба со исхраната.

РИБИ
Работа:
Ќе ги загрозите сопствените интереси доколку на некои ситуации реагирате афективно или претерано бурно. Обидете се да се издигнете над работите што ве загрижуваат. Доколку имате предлози, обидете се да ги пренесете мирно или оставете ги за некоја друга прилика.

Љубов: Сопружникот е уморен од се, бидејќи има чувство дека е единствениот кој се обидува да ја подобри врската. Треба да соработувате со него доколку сакате да ги решите проблемите. Имате малку чувство за него и неговите потреби.

Здравје: Одлично се чувствувате. Со вашиот позитивен став влијаете и на другите, кои со задоволство остануваат во вашето друштво.

By Author