Омразата, кога е премногу остра, нè спушта под оние што ги мразиме!

ОВЕН
Работа: Многу успешен последен работен ден во неделата за повеќето родени во знакот Овен, дава дополнителна мотивација и енергија за справување со новите деловни предизвици кои ги очекуваат во наредниот период.

Љубов: Доколку сте ги составиле сите парчиња од љубовниот мозаик, време е да започнете ново и повозбудливо поглавје од вашиот љубовен живот.

Здравје: Одлично.

БИК
Работа:
Бикот ги очекува релативно мирен ден, да ги сумира резултатите и да ги заврши сите претходно започнати деловни активности.

Љубов: Ненадејната промена на планот од саканата личност може да ве фрли во подлабоко размислување.

Здравје: Колената и зглобовите можат да ви направат помали проблеми.

БЛИЗНАЦИТЕ
Работа:
Не трошете премногу енергија на неважни ситници, вашиот фокус нека биде на главната деловна задача.

Љубов: Шармантни и секогаш расположени за флерт, и денес ќе имате можност да уживате во вакви убави моменти.

Здравје: Чувствителност на грлото.

РАК
Работа:
Раковите треба да го искористат овој ден за да ги завршат заостанатите работи кои се насобрале во текот на оваа работна недела.

Љубов: Најдобро би било овој ден да го поминете во мир и тишина, со саканата личност на свој уникатен начин.

Здравје: Спијте доволно.

ЛАВ
Работа:
Лавовите денеска треба да се справат со заостанатите лични обврски кон институциите, да проверат дали некоја ваша документација не ви останала недовршена, некои заостанати сметки итн.

Љубов: Искористете ги новосоздадените позитивни околности, и уживајте во сите страсти што ги носат.

Здравје: Чувствителност на ‘рбетниот столб.

ДЕВИЦА
Работа:
Последниот работен ден од неделата на Девиците им носи олеснување и задоволство во однос на деловните активности.

Љубов: Задоволството на деловен план би можеле да го пренесете и на саканата личност, посветувајќи и посебно внимание и нежност.

Здравје: Чувствителност на ‘рбетот и долниот дел на грбот.

ВАГА
Работа:
Со доза на трпение и упорност, типичните претставници на знакот Вага ќе успеат да се справат со сите препреки кои ќе им се најдат денес.

Љубов: Не чекајте другата страна да се помрдне, иницијативата е ваша доколку сакате да промените нешто на подобро.

Здравје: Сосема солидно

ШКОРПИЈА
Работа:
Не брзајте, доколку е потребно побарајте помош од личност од непосредното деловно опкружување и ќе ја намалите можноста некои работи да ги направите погрешно, и да станете мета на критики.

Љубов: Личност која долго ве заинтригира би можела дополнително да ви ја скокотка фантазијата, а вие не треба да бидете пасивни, туку подготвени да одговорите на предизвикот.

Здравје: Психофизички замор.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Мирен ден без навестување за големи изненадувања на деловен план, повеќето Стрелци очекуваат да се справат со завршување на работните обврски.

Љубов: Уживајте во убавите моменти со саканата личност, обидете се да надоместите некои грешки од минатото со убав подарок или романтична вечера.

Здравје: Нема поголеми проблеми.

ЈАРЕЦ
Работа:
Малку забавените реакции и недостатокот на фокус може да бидат предупредување за Јарците да проверат повеќе од еднаш пред да донесат важни деловни одлуки овој петок.

Љубов: Со малку труд би можеле да имате интересен ден кога е љубовта во прашање.

Здравје: Многу добро.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Иако се очекува одвреме-навреме да бидете преоптоварени, со додавање на обврски на веќе постоечките, успевате да држите под контрола, на свој единствен начин.

Љубов: Ништо нема да се случи само по себе дури и ако чекате. Движете се и смело тргнете се да освоите нова љубов.

Здравје: Можни метеоропатски реакции, главоболка.

РИБИ
Работа: Со многу работа и многу труд, повеќето Риби успеваат да одолеат на деловните предизвици и успешно да доведат до крај уште една работна недела.

Љубов: Што се однесува до она што се случува во љубовната сфера, не треба да ве изненади интересот на многу интересна нова личност за вас. Искористете ги поволните околности за да се опуштите и да уживате во добро друштво.

Здравје: Ситните коски и зглобови можат да ви направат помали проблеми.

By Author