Немајте дома да имате ништо што не можете да го користите или за кое не верувате дека е убаво!

ОВЕН
Работа:
На Овните им претстои прилично мирен и релаксиран ден, па се очекува своите планирани обрски на задоволителен начин да ѓи доведат до крај.

Љубов: Не е исклучено барем едно пријатно изненадување од саканата личност, а на вас останува да се опуштите и да возвратите на најубав можен начин.

Здравје: Можни алергиски реакции на кожата.

БИК
Работа:
Се на се, Биковите крајот на оваа работна недела го дочекуваат доста уморно, но и со чувство дека можеле многу повеќе.

Љубов: Поволен ден е за справување со нерешени дилеми со некоја стара симпатија или личност од блиско романтично минато кон која се уште имате чувства.

Здравје: Многу добро

БЛИЗНАЦИТЕ
Работа:
На Близнаците им претстои одличен крај на работната недела, а некои веќе би можеле да планираат активности за претстојниот викенд.

Љубов: Обратете посебно внимание на можна средба со стара симпатија или драга личност која долго време не сте ја виделе, а која би можела да ве фрли во сериозна дилема.

Здравје: Одлично, пишува Астропутник.

РАК
Работа:
Еве можност Раковите да одморат кога е обемот на работа во прашање и навреме и правилно да ги завршат сите планирани обврски.

Љубов: Покажете доволно трпение и разбирање кога се во прашање желбите и потребите на другата страна. Воопшто не се препорачува пасивно однесување.

Здравје: Пазете се од настинки.

ЛАВ
Работа:
Имате доволно квалитет и самодоверба да се справите со сите предизвици со добра тактика и на убав дипломатски начин.

Љубов: Пазете се од ситни или поголеми интриги поврзани со вашиот љубовен живот.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА
Работа:
Нема да ви наштети да проверите сè претходно како и обично. Ве очекува солиден крај на оваа работна недела.

Љубов: Пожелно е да бидете активни и ангажирани на полето на љубовта, каде ве очекуваат убави заеднички моменти.

Здравје: Би уживале во физичка активност.

ВАГА
Работа:
Одличен ден за Вагите кои се занимаваат со креативни активности да го изразат својот потенцијал и да предложат нови иницијативи на кругот на соработници со кои делат исти ставови.

Љубов: Овој петок би требало да имате повеќе можности за нови познанства и дружење со пријатни и интересни луѓе.

Здравје: Сосема солидно

ШКОРПИЈА
Работа:
За повеќето Шкорпии нема пречки на професионалниот пат доколку добро се организирале. Не одбивајте помош од постари и искусни лица доколку е потребно.

Љубов: Обидете се да не ја комплицирате дополнително една и онака комплицирана приказна со вашиот придонес за да избегнете потенцијално разочарување.

Здравје: Спијте доволно.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
За повеќето Стрелци нема големи предизвици и пречки на професионален план. Денеска може да ви одземе многу oд времето обврските кон колегите од вашето блиско опкружување.

Љубов: Организирајте состанок со пријателите, можеби денес ќе запознаете ново романтично познанство.

Здравје: Многу добро

ЈАРЕЦ
Работа:
Зголемен обем на работа, на полето на комуникациско и техничко организирање, денеска е пред Јарците. Нема причина да се грижите бидејќи очекувате помош од блиските соработници.

Љубов: Сите активности се насочени кон работата, па веројатно нема да ви остане време за љубовната сфера. Обидете се да постигнете рамнотежа.

Здравје: Можни алергиски реакции на кожата.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Поволни околности ќе ги придружуваат Водолиите овој петок, па затоа се препорачува првенствено да ги доведете до крај активностите што сте ги започнале, а во наредните денови ќе има време за нови иницијативи.

Љубов: Денес би можеле да очекувате пријатно изненадување или подарок од саканата личност.

Здравје: Можни вирусни инфекции, настинки.

РИБА
Работа:
Потпрете се на пријателската помош од доверливи луѓе, особено кога станува збор за некои проблеми со документацијата што треба да ги решите.

Љубов: Рибите денеска треба максимално да се опуштат и да уживаат во согласност со нивната заводлива сонлива природа.

Здравје: Одлично.

By Author