ОВЕН
Ден во кој успевате да ги усогласите сите ваши планови и да ги остварите. Дел од оваа недела ќе им посветите на домашните, а добар дел на емотивниот партнер. Денес лесно се вклопувате со оние околу вас и си носите добро расположение.

БИК
Не дозволувајте да ве обземат обврски. Оставете доволно простор за контакти и средби со саканите – пред се пријателите, но и роднините и членовите на семејството. Денес има добро разбирање и хармонија со саканата личност.

БЛИЗНАЦИ
Пред вас е одличен ден. Пред се за емотивни прашања, но и за забава и контакти со пријателите. Можни се нови познанства кои ќе ви го разубават денот. Во постоечките емотивни врски доаѓа до подобрување на комуникацијата и убави заеднички моменти.

РАК
Обврските ве повлекуваат на едната страна, срцето на другата. Обидете се да направите компромис и да ѓи испочитувате сите оние што сте им ветиле. Со членовите на семејството денес има добар контакт и добро расположение. Посветете им повеќе време на најблиските.

ЛАВ
Најдобро ќе се чувствувате доколку цел ден го поминете во движење, на бројни состаноци и разговори. Најопуштените и најубавите моменти ги имате преку пријателите, иако нема да поминете лошо ниту со емотивниот партнер. Само избегнувајте незгодни теми.

ДЕВИЦА
Малку сте загрижени за состојбата на финансиите и цел ден ќе броите и пресметувате. Не дозволувајте ова целосно да ве окупира и да ве спречи да се опуштите во контактите со оние кои ви се блиски и кои ги сакате.

ВАГА
Во овој ден влегувате со мала нервоза, но таа ќе исчезне веќе во подоцнежните утрински часови. Не дозволувајте да бидете исфрлени од рамнотежа, особено од емотивниот партнер. Сè можете да регулирате на поубав и помирен начин, уште повеќе – уживајте во овој ден заедно.

ШКОРПИЈА
Обврските кои не сте ги завршиле во текот на работната недела се уште ве притискаат и не ви дозволуваат целосно да го искористите овој ден. Правете го она што е навистина неопходно и итно – борете се со се останато и опуштете се со оние што ги сакате.

СТРЕЛЕЦ
Ви се допаѓа енергијата на овој ден, бидејќи ве движи. Со големо задоволство ќе поминете време во некои опуштени активности, пред се со пријателите. Но, ми се чини дека и емотивниот партнер ќе успее да украде дел од вашето време за себе.

ЈАРЕЦ
Добар ден е за организирање собир, дружење ручек со членовите на семејството. Меѓутоа, ако сте еден од оние Јарци кои сакаат да посветат повеќе време на себе, тоа е исто така можно. Можете да си поминете убаво во природа, сами или со емотивен партнер.

ВОДОЛИЈА
Пред вас е исклучително активен ден. Нема да се смирите, нон-стоп ќе бидете во движење и ќе организирате неколку ситуации одеднаш. Вашите планови се остварливи и не сакате да се откажете од ниту еден од нив. Без разлика дали се работи за љубов, пријатели, забава – ќе добиете сè.

РИБА
Иако ќе сакате да посветите повеќе време на плановите со вашиот емотивен партнер – излегува дека добар дел од денот ќе ви одземат контактите со семејството и пријателите. Но, не верувам дека тоа ќе ве спречи да поминете убави моменти со саканата личност.

By Author