Се што ви треба во животот е незнаење и самоувереност и успехот е загарантиран.

ОВЕН

Работа: Солиден ден е да ги продолжите работните активности од претходниот период во сличен ритам и темпо. Треба да се избегнуваат ризични потези, непроверени трансакции и сомнителни инвестиции.

Љубов: Се очекува повеќето Овни денес да имаат променливо расположение на љубовно поле, без разлика дали ќе дојде до расправија со саканата личност или ќе слушнете некоја неповолна вест.

Здравје: Би уживале во физичка активност.

БИК

Работа: Значително поголем и постабилен проток на енергија значи добра основа за да бидете физички поактивни денес, а професионално поефикасни во споредба со првиот работен ден во неделата. Продолжете, на вистинскиот пат сте.

Љубов: Доколку горе-долу успешно игнориравте некои гласови од минатото на вашиот љубовен живот, денес најверојатно ќе биде потребна поконкретна реакција.

Здравје: Чувствителност на кардиоваскуларниот систем.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Зголемениот обем на работа и големата посветеност, особено ментално, не треба да ве загрижуваат премногу, посветете соодветно внимание на документите и огромните податоци.

Љубов: Солиден ден за пријатни заеднички моменти со саканата личност, а некое непријатно изненадување, најверојатно од помала природа, демне во вид на љубоморен коментар за ситуација од минатото.

Здравје: Хронични заболувања.

РАК

Работа: Можни се мали проблеми со надредените, погрешно разбирање на вашиот пристап кон обврските и работата воопшто. Ако се држите до вашиот дел од работата и не брзате, нема што да се грижите.

Љубов: Не сте баш на оптимумот на вашиот потенцијал за можно искушение на љубовен план, затоа размислете добро што треба да направите во врска со тоа и постапете мудро.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

ЛАВ

Работа: На Лавовите им претстои уште еден потенцијално добар работен ден за успешно да ги постигнат своите деловни цели, па дури и да склучат прелиминарни договори за идните задачи.

Љубов: Се што сакате или барем најважните детали ги држите под контрола, чувствата на саканата личност кон вас не се спорни, единствен проблем може да биде вашиот нагласен егоцентризам.

Здравје: Спијте доволно.

ДЕВИЦА

Работа: Се ќе ви оди без проблеми, работата ја вршите со леснотија и голем ентузијазам. Можна најава за службен пат, евентуално во странство.

Љубов: Околностите и ситуацијата на љубовниот хоризонт се главно на слично ниво како и претходните денови. Задоволни, уживајте, останатите чекаат поповолна клима за конкретна акција.

Здравје: Можни ситни ревматски тегоби.

ВАГА

Работа: Денот е погоден за секакви договори, како и за средување на документацијата. Бидете вредни.

Љубов: Во оваа сфера најважните параметри не се во ваши раце, но секако тоа не значи ништо лошо априори, поголема доверба во другата страна и ситуацијата ќе биде многу појасна и подобра.

Здравје: Пазете се од полесни физички повреди.

ШКОРПИЈА

Работа: Резултатски, на Скорпиите им претстои солиден работен ден, но би можел да биде на значително повисоко ниво доколку склучите барем еден квалитетен договор за следниот период.

Љубов: Моменталната смиреност можете да ја искористите за да се одморите и да се подготвите што е можно подобро за периодот на многу поинтензивни можности и настани кои наскоро ќе следат.

Здравје: Поминувајте повеќе време на отворено, ќе се чувствувате подобро.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Најмногу енергија и нерви во текот на овој ден можат да му одземат на Стрелецот различни контроли и проверки на исправноста на сработеното.

Љубов: Не е реално да очекувате важни настани на љубовен план, а некој неочекуван телефонски повик или интригантна порака сепак би можеле да го направат крајот на денот интересен.

Здравје: Можна несоница.

ЈАРЕЦ

Работа: Доколку не можете да надминете некои пречки, обидете се да се прилагодите на околностите бидејќи се е решливо.

Љубов: Поволен ден за планирање на некои долгорочни заеднички активности.

Здравје: Можна бубрежна чувствителност.

ВОДОЛИЈА

Работа: Покрај бројните обврски, ве очекува најава и на дополнителни, како и можност за почеток на некоја соработка од порано.

Љубов: Преокупираноста со обврските нема да ви остави енергија и време за љубовната сфера, што би можело да се одрази во форма на критика од другата страна дека се чувствува запоставено.

Здравје: Психофизички замор.

РИБИ

Работа: Иако се оди на свој начин кога е работата во прашање, ќе почувствувате голем товар бидејќи нема да знаете од каде да почнете. Најдобро е по приоритет.

Љубов: Астролошките околности не се лоши и имате реални шанси да го поминете денот без поголеми љубовни конфликти, можеби нема да ве вознемири грижата за некој проблем на саканата личност.

Здравје: Намалување на имунитетот, пренесува Астропутник.

By Author