Она што го добивате со постигнување на вашите цели не е толку важно, како тоа што станувате со постигнување на вашите цели!
ОВЕН
Работа: Уште еден многу добар и професионално ефикасен работен ден ги очекува родените во знакот Овен. Можни се мали доцнења поради координација со побавните соработници.
Љубов: Нема најави за некои особено лоши сценарија, но денес повеќето работи од љубовната сфера некако ви се лизгаат од раце.
Здравје: Освен доза на нетрпеливост, ништо не загрижува.
БИК
Работа: Малку подобра организација и веднаш попродуктивен типичен Бик на деловните задачи. Потенцијални вербални недоразбирања со претпоставените може да предизвикаат тензија.
Љубов: Вториот ден од неделата би требало да биде копија на претходниот на емотивно поле – љубовните настани, со можно пријатно изненадување од саканата личност.
Здравје: Проверете го крвниот притисок.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: Најголем дел од активностите во овој работен ден, повеќето Близнаци ќе ги насочат кон проширување на кругот на деловни соработници и отворање на вратата за поамбициозни професионални проекти.
Љубов: Она што ќе ви се нуди пред очи, очекувано е да биде помалку интересно од она што ви се случува зад грб, во однос на емотивно – љубовните врски.
Здравје: Обратете внимание на респираторниот систем и грлото.
РАК
Работа: Многу работни задачи за овој ден имаат на ум типичните Ракови, но ќе биде доста задоволувачко доколку успешно реализирате половина од очекуваното.
Љубов: Оние кои се задоволни од моменталната состојба на нивниот љубовен живот нема да имаат причина за грижа, а оние кои би сакале да променат нешто, одат храбро.
Здравје: Многу добро.
ЛАВ
Работа: Солиден ден им претстои на Лавовите кои сакаат успешно да го завршат претходниот деловен циклус. Бидете опуштени и не брзајте да започнете нови идеи и да ги наметнувате вашите ставови.
Љубов: Денес од повеќе страни ве демнат потенцијални љубовни мини на непријатни изненадувања. Обидете се да поминете со што е можно помала колатерална штета.
Здравје: Нема поголеми здравствени предупредувања за денес.
ДЕВИЦА
Работа: И покрај квалитетната работа и професионалниот однос кон работата, повеќето типични Девици денес се соочуваат со сомнителни и прашални погледи од претпоставените.
Љубов: Денес нема навестувања за важни промени во љубовниот живот. За очекување е дека најмногу ќе се занимавате со анализа на сопственото однесување во оваа сфера.
Здравје: Многу добро.
ВАГА
Работа: Најтипичните претставници на овој астролошки знак ќе имаат одличен работен ден, без разлика дали ги завршуваат претходно започнатите обврски или иницираат нови деловни задачи.
Љубов: Опуштено дружење и лесен разговор без големи очекувања со саканата личност е најреалното сценарио.
Здравје: Нема големи здравствени предупредувања.
ШКОРПИЈА
Работа: Повеќе или помалку нормален работен ден, кој го очекуваат повеќето родени во знакот на Шкорпија. Можни се прелиминарни дискусии за нови бизнис идеи.
Љубов: Овој ден би можел да биде интересен и во љубовната сфера, а вие давате свој придонес, според вашите желби и можности.
Здравје: Претежно стабилно.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Овој ден може да донесе и добри резултати на типичниот Стрелец и повеќе причини за задоволство, само со премногу потрошена и расфрлана енергија на случајни активности.
Љубов: Вториот ден од неделата не е ни блиску до вашето оптимално љубовно ослободување, па мудро е иницијативата, доколку се укаже прилика, да ја препуштите на другата страна.
Здравје: Сосема задоволително.
ЈАРЕЦ
Работа: Денес, луѓето родени во знакот Јарец успеваат да ги остварат повеќето од поставените работни задачи без поголеми потешкотии.
Љубов: Ќе имате многу поволна астролошка клима за да работите на стабилизирање на постоечките партнерски односи, но и да ја изненадите саканата личност со нешто ситно.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
ВОДОЛИЈА
Работа: Типични претставници на Водолија денес би можеле да направат еден од поуспешните деловни потези, под услов добро тактички да ја препознаат ситуацијата и моментот на дејствување.
Љубов: Од друга страна, најмалку грижи ќе имаат оние Водолии кои денешните љубовни предизвици ќе ги поминат со што е можно помалку разговори и критики.
Здравје: Сосема солидно.
РИБА
Работа: Коректен работен ден во границите на реалните очекувања, очекувани од повеќето родени во знакот Риби. Обидете се да не реагирате бурно на некои критики.
Љубов: Што се однесува до денешните потенцијални љубовни настани, добро би било доколку не анализирате премногу, препуштете се на бранот емоции.
Здравје: За денеска нема здравствени предупредувања.