„Среќата е како палата од бајките што ја чуваат змејови. Мора да се бориме за да ја добиеме“ – Александар Дима.

ОВЕН
Работа:
Овој работен ден носи бројни активности за Овенот, особено во врска со комуникацијата и важните средби со деловните партнери и соработници. Нема сè да оди како што треба, затоа обидете се да не влезете во посериозни вербални конфликти.

Љубов: Добар период е за дружење, излегување, поминување време и уживање, но советот е да не претерувате.

Здравје: Одлично.

БИК
Работа:
Можна е промена на плановите на момент, но и неколку ситуации во кои може да се наметнат брзи одлуки, па советот би бил да се обидете да ги избегнете доколку е можно.

Љубов: Требаше да научите одредени лекции од вашето љубовно минато, а нема причина и понатаму да бидете оптоварени со одредени ситници.

Здравје: Можна несоница.

БЛИЗНАЦИТЕ
Работа:
Постои можност да има некои недефинирани ситуации, потези и некакви обиди за манипулација во постоечките договори.

Љубов: Доколку сте слободни, се препорачува да излегувате, да се дружите со пријателите или да бидете поактивни на социјалните мрежи.

Здравје: Можни стомачни проблеми.

РАК
Работа:
Иако во текот на овој ден ве очекуваат бројни обврски, советот е подобро да се организирате, бидејќи концентрацијата ќе ви биде во опаѓање.

Љубов: Вашата расеаност и недостаток на фокус може да влијаат и на вашите љубовни врски, па може да се чувствувате малку запоставено и осамено.

Здравје: Променливо расположение.

ЛАВ
Работа:
Високото ниво на мотивација и позитивна енергија ви даваат одлична основа да си поставите високи цели, колку и да ве нервираат или кочат некои колеги, ќе успеете да се наметнете.

Љубов: Нема значајни промени на вашиот љубовен хоризонт. Обидете се да одржите некаква хармонија меѓу вас пишува Астрпутник.

Здравје: Многу добро.

ДЕВИЦА
Работа:
Ќе мора да се прилагодите на новите програми, што може да создаде многу напнатост и нервоза бидејќи тоа секако ќе доведе до застој.

Љубов: Можеби не сте во вашиот најдобар љубовен елемент, но тоа не значи дека треба да се предадете на целосната летаргија.

Здравје: Треба да направите баланс помеѓу обврските и одморот.

ВАГА
Работа:
Денес ќе бидете буквално преоптоварени со работа и нема да можете да ги остварите планираните работи како што сте замислиле.

Љубов: Не дозволувајте гневот и импулсивноста да ве наведат на некое однесување за кое подоцна ќе зажалите.

Здравје: Избегнувајте нагли физички движења.

ШКОРПИЈА
Работа:
На Шкорпиите им претстои многу напорен ден. Обврските само ќе се натрупуваат, што може да ве направи уште понервозни и не многу лесни за работа. Сето тоа ќе го пребродите.

Љубов: Веројатно нема да ви остане многу слободно време за љубовни проблеми, па можете да очекувате критики од другата страна.

Здравје: Можна бубрежна чувствителност.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Ќе се трудите се да завршите во планираните рокови, но оние околу вас не. И тогаш ќе има несогласувања и проблеми во извршувањето на работата.

Љубов: Обидете се на суптилен начин да го ублажите потенцијалното незадоволство на саканата личност, иако тоа не е вашата силна страна.

Здравје: Пад на енергија.

ЈАРЕЦ
Работа:
Ве очекуваат многу работа и обврски, енергијата ви е на оптимално ниво, па со малку труд можете да постигнете се.

Љубов: Денешните настани на вашиот љубовен хоризонт веројатно нема да се разликуваат многу од она што го имавте во претходниот период. Претежно се е под контрола.

Здравје: Можна главоболка.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Постојат можности да се преоптоварите со работата и да не знаете на која страна прво да се свртите. Подобро е да правиш помалку работи, но со подобар квалитет, отколку да правиш сè, а на крајот да не направиш ништо.

Љубов: Најдобро би било денеска да ја препуштите иницијативата на другата страна, можно е пријатно да се изненадите.

Здравје: Внимателно ракувајте со остри предмети.

РИБИ
Работа:
За повеќето Риби сè ќе биде тромо и успорено на деловен план, а комуникацијата ќе биде нејасна и конфузна, или барем така ви изгледа.

Љубов: Обидете се да не реагирате на секоја ситница што не ви се допаѓа во љубовната сфера.

Здравје: Одморете се доволно.

By Author