Само оној кој е среќен може да дели среќа околу себе.

ОВЕН
Работа:
Иако сте лидери во деловната сфера, денес можеби не треба да претерувате и да превземете премногу товар исклучиво на вашите раменици. Дистрибуирајте нешто и на доверливи соработници.

Љубов: Денеска ве очекува нешто попасивно делување во љубовната сфера. Препуштете ја иницијативата на другата страна. За промена ќе биде поедноставно, но и поинтересно.

Здравје: Многу добро.

БИК
Работа:
Зголемен обем на работа и низа дополнителни активности ги очекува најтипичните Бикови. Ќе треба да ги реорганизирате деловните обврски.

Љубов: Имате добра основа не само за одржување на постоечките партнерски односи, туку и за нивно издигнување на повисоко ниво, се разбира доколку сакате.

Здравје: Чувствителност на грлото.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Ќе има работа колку сакате, а можеби ќе ви треба помош од страна, па не двоумете се да ја побарате.

Љубов: Со голема веројатност, слободните Близнаци денес ќе пленат со својот шарм и ќе уживаат во лежерна фина комуникација и флерт, во кои едноставно уживаат.

Здравје: Намален имунитет, пазете се од настинки.

РАК
Работа:
Не е исклучено некој да ви понуди соработка или нов деловен договор преку личност што ја познавате од претходно или сте соработувале

Љубов: Излезете, дружете се, проширете го кругот на пријатели, сето тоа ве радува и двајцата и ја зајакнува врската.

Здравје: Пазете се од можни настинки.

ЛАВ
Работа:
И со најкомплицираните луѓе ќе успеете прилично лесно да се разберете, додека со другите колеги ќе имате многу успешна соработка и добра организација.

Љубов: Најдобро би било со убава приказна да избегнете потенцијални недоразбирања со саканата личност.

Здравје: Можни се кардиоваскуларни проблеми.

ДЕВИЦА
Работа:
Вториот работен ден од оваа недела им носи многу работа на претставниците на астролошкиот знак Девица, но и повеќе труд да се прилагодат на новите организациски промени.

Љубов: Оние кои се задоволни од моменталната состојба на нивниот љубовен живот нема да имаат причина за грижа, а оние кои би сакале да променат нешто, одат храбро.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

ВАГА
Работа:
Се ќе ви оди од рака, ќе си ја работите работата со леснотија и голем ентузијазам, па ве очекува многу успешен работен ден.

Љубов: Намалете ги очекувањата, а причината за незадоволство ќе има помалку на љубовно поле.

Здравје: Обидете се да избегнете настинка.

ШКОРПИЈА
Работа:
Астролошките аспекти укажуваат на солиден работен ден за повеќето Шкорпии. Опуштени и без поголеми предизвици, ќе можете успешно да доведете се до крај.

Љубов: Опуштено дружење и лесен разговор без големи очекувања со саканата личност се најреалното сценарио за денес.

Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.

СТРЕЛЕЦ
Работа
: Нови деловни задачи веќе пристигнуваат, а треба да се проверат и оние од порано. Нема да ви биде лесно, особено затоа што не можете навистина да им верувате сто проценти на некои соработници.

Љубов: Доколку имате намера да направите нов конкретен чекор во љубовната сфера, добро би било прво да го проверите значењето на нејасните работи од претходниот период.

Здравје: Проверете го крвниот притисок и работата на кардиоваскуларниот систем.

ЈАРЕЦ
Работа:
Поради можно доцнење со завршување на обврските од претходниот период, би можеле да почувствувате нервоза. Побарајте помош од некој од соработниците и ќе наидете на отворена врата.

Љубов: Ве очекува опуштен и мирен ден на вашето љубовно поле и со задоволство ќе го поминете во друштво на личноста за која се грижите. Уживајте.

Здравје: Зголемениот стрес и нервозата можат да ви донесат несоница.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Ви се отвораат можности да направите некоја добра комбинација, соработка, со странство, која може да ви донесе значителни финансиски придобивки.

Љубов: Можете да поминете многу добро и квалитетно време во друштво на саканата личност, само координирајте ги вашите деловни распореди.

Здравје: Нема навестување за големи здравствени проблеми.

РИБА
Работа:
Погрижете се фокусот на вниманието да биде само на најважните деловни задачи, доколку сакате да го поминете овој работен ден со позитивен исход.

Љубов: Типичната сонлива природа на Рибите може да ви донесе барем едно разочарувачко сознание денес.

Здравје: Внимавајте на редовна и правилна исхрана.

By Author