Фудбалската репрезентација како никогаш до сега ја сплоти македонската јавност а македонскиот дијамант Елмаспокрај срцата на македонската почна да ги освојува и срцата на светската јавност па си го најде своето место и во елитниот британски “Гардијан”.Како што истакнаа тие дијамантот создаден во слаткарница прв го препознал моменталниот селектор на А репрезентацијата Игор Анѓеловски кои го донел во работнички а од таму следел трансферот во турски Фенербахче кое подоцна го лансираше во Сериа А и Наполи.

21 гдишниот играч од средниот ред на Наполи е еден од клучните играчи во македонската репрезентација која што го игра нивниот прв голем турнир.Веројатно Елмас го чека долг период да ги достигне височините на Роналдо и Меси но со сигурност ова лето ќе има прилика да ги покаже своите квалитети во конкуренција на европската елита на ЕУРО2020.

Текстот на “Гардијан” е во соработка со медиумите на земјите учеснички а како автор се појавува колегат Владимир Булатовиќ од “Екипа”

By Author