Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 8 Септември, четврток, согласно Законот за празниците, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Република Македонија одбележува 31 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.
Убедливо мнозинство, над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година, позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.
Министертсвото на граѓаните им го честита Денот на независноста.