Празникот Прочка или Велики поклади, меѓу народот познат и како Проштени поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. 

Простувањето е голем празник за македонскиот народ и е поврзано со многу обичаи и верувања. Очигледно е дека ппошката е обичајкој е воспоставен под влијание на Црквата, додека нејзините огнови, игри, карневалите се остатоци од предхристијанските пролетни забави.

Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Исус Христос и безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.

Навиката за прошка започнува од христијанското разбирање на помагање и простување на луѓето. Се верува дека на овој ден простува и небото и земјата , така и луѓето. Небото затоа што и згрешило на земјата со грмотевици, мраз, пороен дожд и слично, бара прошка. И луѓето бараат едни со други прошка за грешки.

Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“. Синот приоѓа кај таткото, братот кај брата си, ќерка кај мајка си, снаа кај свекрва, сестра кај сестра си и секој секому му вели: „Прости ми“, а тој одговара: „Простено да ти е од мене и од Бога“.

Денот после Прочка е чист понеделник, ден кога започнуваголемиот велигденски пост.

Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на летните празници.

By Author