Денес 4-ти мај – 120 години од смртта на македонскиот херој, револуционер Гоце Делчев.

Македонски револуционер, визионер, организатор и предводник на македонското национално-ослободително движење, е еден од плејадата никогашнезаборавени и вечни патоводители на македонскиот народ. Неговата револуционерна дејност започнува од најрани години.

Човекот кој пред повеќе од еден век го разбираше светот како поле за културен натпревар меѓу народите и кој сметаше дека никој не пострадал повеќе од предавствата на своите како Македонците, ќе остане запаметен и како бескомпромисен противник на какво било мешање на надворешен фактор во ослободителното дело на македонскиот народ.

„Никогаш не заборавајте дека ние не си припаѓаме себеси. Нашиот живот веќе е пожртвуван пред олтарот на делото. И кој од вас го заборави тоа сознание, тој престанува да биде револуционер. И така, да не се плашиме од смртта. Каде и да не пречека да ја поздравиме со презир“.

Ова се зборовите на еден од апостолите на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев кој смртта ја пречека на 4 мај 1903 година во битката во селото Баница.

Секој 4 мај, на денот на убиството на великанот, Македонија му се поклонува и му оддава почит.

By Author