Ирската влада одлучи да ги укине речиси сите ограничувања за пандемијата од денеска, вклучително и мерките за угостителскиот сектор, спортските настани и барањата за доказ за вакцинација за влез во затворени простори.
Премиерот на Република Ирска, Мајкл Мартин, рече дека по воведувањето на обврската за примање бустер доза од вакцината против коронавирус, таа и помогнала на Ирска да ја преживее „омикронската бура“, бидејќи го задржала бројот на тешко болни значително под максимумот од претходниот бран.
Тамошната влада одлучи дека баровите и рестораните повеќе нема да мора да затвораат во 20 часот, ограничување воведено кон крајот на минатата година, како и обврска да бараат од гостите доказ за вакцинација.
Внатрешните и надворешните простори ќе можат да се користат со полн капацитет.
Од друга страна, останува обврската за носење маски во јавниот превоз и продавниците до крајот на февруари, како и некои други мерки кои се однесуваат на училиштата, соопштија од јавниот сервис.
Потсетуваме дека францускиот суд ја суспендираше одредбата за задолжително носење маски на улиците на Париз, пренесува „Ројтерс“, пишува „Франс прес“.
Според британската агенција, одредбата стапила на сила во француската престолнина на 31 декември во обид да се спречи брзото ширење на сојот омикрон на корона вирусот.