Полицајците од Кејп Верде, заедно со американските маринци, пресретнале рибарски брод со сомнителен товар. На бродот биле пронајдени 5,6 тони кокаин вреден 350 милиони американски долари, а уапсени се двајца црногорски државјани.
Африканската команда на вооружените сили на Соединетите Американски Држави (АФРИКОМ) вчера ја потврди својата поддршка за операцијата спроведена од властите на Зеленортските Острови, која доведе до запленување на речиси шест тони кокаин, во вредност од 350 милиони американски долари.
Во акцијата се уапсени двајца црногорски државјани и петмина Бразилци, јавува Радио телевизија на Црна Гора (РТЦГ).
Полицијата на Кејп Верде и американската морнарица откриле 5,6 тони кокаин на рибарски брод од Бразил, а по тој повод биле уапсени двајца Црногорци.
Се уште не е познат идентитетот на уапсените, јавуваат медиумите.